„ЈАПОНОЛОГ ОД ПЕКИНГ, TОЈ ЦВРСТО ЈА ПОДДРЖУВА ПУТИНОВАТА РУСИЈА“: Кој е Ванг Ји, новиот кинески шеф на дипломатијата?
Објавено во: Свет 25 Јули, 2023
Кинеските власти денеска направија необичен рез во
Министерството за надворешни работи - шефот на кинеската дипломатија Чин Ганг е
сменет од функцијата што ја извршуваше од декември минатата година.
По долго отсуство од јавноста, на местото на Чин беше назначен Ванг Ји, директор на Канцеларијата на Комисијата за надворешни работи на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, кој беше шеф на дипломатијата од 2013 година до минатата година и назначувањето на Чин.
Познавачите на ситуацијата тврдат дека промената на надворешнополитичкото раководство на земјата е изненадувачка и многу необична, пишува CNN.
Овој потег, кој беше одобрен од највисокото кинеско тело за одлучување, парламентот, доаѓа во време кога мистеријата се вртеше околу судбината на Чин, бидејќи тој не беше виден во јавноста веќе еден месец.
Чин (57), дипломат од кариера и доверлив помошник на кинескиот лидер Си Џинпинг, беше назначен за министер за надворешни работи дури во декември, откако беше амбасадор на Кина во Вашингтон. Сè уште не е наведена причината за заминувањето на Чин, но неговиот претходник Ванг Ји сега ќе се врати на улогата, потврдија властите.
Ванг, кој беше министер за надворешни работи од 2013 до 2022 година, сега е директор на огранокот за надворешни работи на владејачката Комунистичка партија, што го прави највисокиот кинески дипломат.
Кој е Ванг Ји, новиот министер за надворешни работи на Кина?
Ванг Ји (70), новиот кинески министер за надворешни работи го помина поголемиот дел од својата кариера во Министерството за надворешни работи - и работеше на надворешните односи на Кина во Азија.
По етничка припадност, тој е Хан – најголемата етничка заедница во светот.
Роден е во Пекинг. Тој се приклучил на Кинеската комунистичка партија (ККП) во мај 1981 година. Ванг дипломирал на Катедрата за азиски (оддел за јапонски) и африкански јазици во Пекинг. Магистрирал и економија. Во текот на 1990-тите, тој беше советник во кинеската амбасада во Јапонија, потоа заменик генерален директор во Одделот за азиски прашања на кинеското МНР. Во неговата биографија стои и дека е визитинг научник на Универзитетот Џорџтаун, во САД. Тој беше заменик министер за надворешни работи, а од 2004 до 2007 година беше кинески амбасадор во Јапонија.
Во текот на деветте години (од 2013 до 2022 година) кои ги помина како министер за надворешни работи на Кина, Ванг Јин се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во 2018 година во Кремљ. На крајот на јули минатата година, тој присуствуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Шангајската организација за соработка (ШСО), кога се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Во октомври 2022 година, тој ја потврди својата поддршка за Русија, велејќи дека Кина „цврсто ќе ја поддржи Русија, под водство на претседателот Путин... за дополнително воспоставување на статусот на Русија како голема сила на меѓународната сцена“
Во декември 2022 година, Ванг ја бранеше позицијата на Кина за руско-украинската војна и рече дека Кина ќе ја „продлабочи стратешката меѓусебна доверба и заемно корисна соработка“ со Русија. Како шеф на дипломатијата, тој се сретна со неговиот ирански колега Мохамед Џавад Зариф, со кого потпиша договор за стратешка соработка во 2021 година.
Во 2018 година, тој имаше билатерална средба со Доналд Трамп на маргините на самитот на Г20 во Буенос Аирес.
На форумот на Стејт департментот за односите меѓу САД и Кина, тој рече дека САД „не смеат да се мешаат во внатрешните работи на Кина“. Ванг ја критикуваше брзината и времето на повлекување на силите на НАТО предводени од САД од Авганистан и ги повика да се повлечат на „одговорен и уреден начин“.
Течно зборува јапонски и англиски јазик.
EPA-EFE/ANGELO CARCONI* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.