25 Март, 2025
0.0354

ЈАС ДЕНЕСКА СТАНАВ НАЈТАЖЕН ОТКАКО СУМ ВРАБОТЕН, БИРОКРАТИЈАТА СМЕ СИТЕ НИЕ - премиерот Ковачевски бара одговорност од Сали

Објавено во: Македонија 09 Февруари, 2023 14:08

Добивај вести на Viber

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека смртта на Благојче Илиевски, пациент со цистична фиброза кој не доби терапија со лекот трикафта, е прерана. Ковачевски јавно се обрати до министерот Сали. 

„Да размисли и да ми каже дали може да го продолжи својот мандат“, рече премиерот, нагласувајќи дека иако не се знаело дали трикафта ќе го излечи Благојче, тој можел да му го продолжи животот.

„Јас сум станат денес веројатно најрано откако сум вработен, скоро 23 години. За мене навистина е тажен ден. Не само за семејството на Благојче кое не го знам, туку и за целата земја. Благојче се бореше до последниот ден со оваа ужасна болест. Тоа е херојска борба. Но за жал на самиот крај, неговото тело не издржа. Најтажно од се е што најверојатно неговата смрт е прерана и можевме да направиме повеќе за да му го продолжиме животот. И можевме уште малку да ја одложиме агонијата на неговото заминување“, кажа Ковачевски.

Тој додаде дека зборувал и со директорите на двете клиники каде се лекувал Благојче.

„Сознав дека има пациенти кои се во навистина тешка состојба и на кои лекот ‘трикафра’ нема целосно да им помогне, сепак, тоа не може да го тргне чувството на тага и гнев дека имало и најмала шанса да направиме нешто повеќе за Благојче. И прашањето е зошто не направивме, зошто се одложи се и откако ветивме, а правните и експертските тимови седнаа да најдат решение. Ќе ви кажам најотворено. Тоа е нешто што секој од вас го мисли, но нема можност да го каже. И веројатно најголемиот дел од граѓаните го мислат и не можеле да го кажат. Тоа се поради истите причини на кои нашата земја пати веќе 30 години – неверојатна бирократија. Бирократија која стартно размислува зошто нешто не може да се направи, бирократија која скоро никогаш не размислува зошто нешто треба да се направи, бирократија која очигледно нема ништо против да почека додека граѓаните страдаат. Бирократија не се некои луѓе од друга планета, бирократија сме сите ние. Редно време е да се соочиме со тоа“, додаде Ковачевски.

Кажа дека државата мора да го спречи непотребното страдање на било кој граѓанин.

„На министерот за здравство му кажав дека оваа ситуација е неприфатлива. Да размисли и да ми каже дали може да го продолжи својот мандат. Мојата одлука за кадровските прашања ќе ја донесам потоа. Јас немам намера да чекам низ бирократските лавиринити да се преземе нешто“, додаде Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

СОПРУГАТА И ЌЕРКАТА НА ГАЗДА ДЕКО СЕ ПОВИКАНИ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: Истрагата се проширува

СОПРУГАТА И ЌЕРКАТА НА ГАЗДА ДЕКО СЕ ПОВИКАНИ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: Истрагата се проширува

Пратеникот Миле Лефков ќе ја отвори канцеларијата во Кочани додека Собранието не работи втора недела по ред

Пратеникот Миле Лефков ќе ја отвори канцеларијата во Кочани додека Собранието не работи втора недела по ред

ХЕРОЈ: ФУДБАЛЕРОТ АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ ПОЧИНАЛ СПАСУВАЈЌИ ЛУЃЕ ВО КОЧАНИ, ТОЈ ПРЕТХОДНО НЕ НИ БИЛ ВО ДИСКОТЕКАТА - се откриваат нови тажни детали за починатите

ХЕРОЈ: ФУДБАЛЕРОТ АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ ПОЧИНАЛ СПАСУВАЈЌИ ЛУЃЕ ВО КОЧАНИ, ТОЈ ПРЕТХОДНО НЕ НИ БИЛ ВО ДИСКОТЕКАТА - се откриваат нови тажни детали за починатите

Обвинителство: Претреси на пет локации за пожарот во Кочани

Обвинителство: Претреси на пет локации за пожарот во Кочани

ОД УКЦ НИШ СТИГНАА НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ - таму се лекуваат тројца наши луѓе, ова е нивната најнова состојба

ОД УКЦ НИШ СТИГНАА НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ - таму се лекуваат тројца наши луѓе, ова е нивната најнова состојба

„БУГАРСКИ ПРАТЕНИК СОБРА 35.000 ЕВРА И ГИ ДОНЕСЕ, НАШИВЕ ОДМОР ЗЕМАА“: Ина Многуфина остро 'од овде треба лифт да те качи на дното'

„БУГАРСКИ ПРАТЕНИК СОБРА 35.000 ЕВРА И ГИ ДОНЕСЕ, НАШИВЕ ОДМОР ЗЕМАА“: Ина Многуфина остро 'од овде треба лифт да те качи на дното'

„ЕДЕН ПАЦИЕНТ СЕ ВРАЌА ОД СТРАНСТВО, ЗА ЖАЛ КАЈ НЕКОИ СОСТОЈБАТА Е ВЛОШЕНА“: Таравари ги соопшти најновите информации

„ЕДЕН ПАЦИЕНТ СЕ ВРАЌА ОД СТРАНСТВО, ЗА ЖАЛ КАЈ НЕКОИ СОСТОЈБАТА Е ВЛОШЕНА“: Таравари ги соопшти најновите информации

ЌЕ СЕ СЛУЖИ ИФТАР КАЈ УРГЕНТЕН: Подготвен простор за вработените кои постат, а во 13 часот семејствата на повредените од Кочани ќе можат да ручаат

ЌЕ СЕ СЛУЖИ ИФТАР КАЈ УРГЕНТЕН: Подготвен простор за вработените кои постат, а во 13 часот семејствата на повредените од Кочани ќе можат да ручаат

Спортската јавност во шок: Директорот на фудбалската репрезентација му бил соработник на Штекли

Спортската јавност во шок: Директорот на фудбалската репрезентација му бил соработник на Штекли