25 Април, 2025
0.0249

„ЈАС ГО ОРГАНИЗИРАВ НАПАДОТ НА КОСОВО, ЗА ДА СЕ ОХРАБРИ СРПСКИОТ НАРОД“ - Милан Радојчиќ се огласи со признание

Објавено во: Балкан 29 Септември, 2023 15:08

Добивај вести на Viber

Потпретседателот на Српската листа, Милан Радоjјчиќ, ја презеде одговорноста за нападот на Косово во петокот, кога минатиот викенд беа убиени еден косовски полицаец и тројца напаѓачи.

Тој ја презеде одговорноста за настаните во селото Бањска во Косово на 24 септември, изрази подготвеност да одговори на надлежните органи на Србија и поднесе оставка од функцијата потпретседател на Српската листа.

Неговиот адвокат Горан Петронијевиќ на прес-конференција во Белград ја прочита пораката на Радоичиќ на која тој изјави дека на северот на Косово дошол на 24 септември со своите сонародници и дека лично ги направил сите логистички подготовки.

За ова не известил никого од властите во Србија, ниту од властите на северот на Косово, рече тој, пренесува Анадолија.

„Случајна смрт на полицаец“

Како што рече, не добил никаква помош од властите во Србија, бидејќи „тие веќе имале различни ставови за претходните методи на отпор“.

Тој додаде дека акцијата тој ден нема никаква врска со неговата политичка инволвираност во Српската листа.

Радојчиќ изјави и дека причината за враќањето на северот на Косово е „да го охрабри српскиот народ да се спротивстави на режимот на премиерот на Косово“.

Како што наведе, смртта на косовскиот полицаец се случила случајно, по што дошло до жесток конфликт.

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ: Ќе одам во Москва на парадата, ама сам

Вучиќ: Ќе одам во Москва на парадата, ама сам

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ СНИМКА ОД ИНЦИДЕНТОТ: Вооружени полициски специјалци од РС спречиле апсење на Додик

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ СНИМКА ОД ИНЦИДЕНТОТ: Вооружени полициски специјалци од РС спречиле апсење на Додик

ИСТОЧНО САРАЕВО: СИПА се обиде да го приведе Додик, но полицијата на Република Српска ги спречи

ИСТОЧНО САРАЕВО: СИПА се обиде да го приведе Додик, но полицијата на Република Српска ги спречи

ПОЖАР ВО ЗАГРЕБ: Се запали градинка

ПОЖАР ВО ЗАГРЕБ: Се запали градинка

(ВИДЕО) ВО ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА ИМА НАД 150 ПОВРЕДЕНИ: Луѓето скокале од височина од страв

(ВИДЕО) ВО ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА ИМА НАД 150 ПОВРЕДЕНИ: Луѓето скокале од височина од страв

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ СРБИЈА: Паѓаше град со големина на лешник

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ СРБИЈА: Паѓаше град со големина на лешник

ПРЕД НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ИМАЛО РЕКОНСТРУКЦИЈА: Се урна таван во училница во Србија

ПРЕД НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ИМАЛО РЕКОНСТРУКЦИЈА: Се урна таван во училница во Србија

БУРА РЕАКЦИИ: Килограм лубеница чини 4 евра во земја од регионот

БУРА РЕАКЦИИ: Килограм лубеница чини 4 евра во земја од регионот

ПЦОВКИ И ТУПАНИЦИ: Во босански град сестри се степале поради имот

ПЦОВКИ И ТУПАНИЦИ: Во босански град сестри се степале поради имот