17 Април, 2025
0.0446

„ЈАС СУМ САМО ЕДЕН НЕЗАВИСЕН СОВЕТНИК, НО САКАМ ДА БИДАМ СО МОИТЕ СОГРАЃАНИ ВО ОВИЕ НАЈТЕШКИ ВРЕМИЊА“ - Венко Крстевски се кандидира за в.д. градоначалник на Кочани

Објавено во: Македонија 12 Април, 2025 13:39

Добивај вести на Viber

Независниот советник, Венко Крстевски, најави кандидатура за в.д. градоначалник на Кочани.

Како што е познато, Советот на Општина Кочани треба да бира в.д. градоначалник кој ќе раководи со градот до изборите. 

„Кандидат за В.Д. Градоначалник! Оваа недела стана јасно дека советниците на власта со максимални напори се трудат да го избегнат изборот на В.Д. Градоначалник во Кочани. Дали се неспособни, плашливи, партиски послушници, оценете вие сами. Јас, Венко Крстевски, како советник имам над 1000 дискусии, над 200 советнички прашања, многу младински иницијативи, над 50 предлози (дел од нив се прифатени/реализирани). Најавувам дека храбро сам ќе се пријавам во овие најтешки времиња за Кочани да ја извршувам функцијата В.Д. Градоначалник за следните 6 месеци, иако очекувам многу опструкции.
Неспособноста на локалната владејачка партија доведе до тоа да треба да се избере СЕДМИ директор на КЈП Водовод Кочани во само три години“, напиша тој.

Додава: Јас, Венко Крстевски, секогаш сум бил на страната на народот во Кочани, народот тоа многу добро го знае. Имам излегувано на сите протести и штрајкови и се имам спортиставувано на сите политики кои не се за доброто на кочанчани, без разлика кој и да бил на власт. Во овој состав на Совет на Општина Кочани, советниците од владејачката партија немаат дадено ниту еден предлог и немаат никаков придонес за подобрување на амбиентот на живеење на кочанчани. Свесен сум дека јас сум само еден независен советник во советот, но верувам дека некои од советниците ќе го препознаат мојот квалитет и искрена желба за создавање на подобри услови за живеење на кочанчани и нивните деца. Јас стојам зад секој мој даден збор, секое мое ветување и идно ветување ќе го остварам. Кочанчани размислете каков градоначалник сакате да добиете. Картата е купена, доаѓам!!!“, напиша тој. 


Можеби ќе ве интересира

РАДЕВ СЕ СРЕТНА СО КОС: Кажа што очекува од Македонија

РАДЕВ СЕ СРЕТНА СО КОС: Кажа што очекува од Македонија

НА ОСНОВА НА ЗЛОУПОТРЕБА СО ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗЕМАЛЕ НАД 600.000 ДЕНАРИ: Кривични пријави за специјалци од ЕБР

НА ОСНОВА НА ЗЛОУПОТРЕБА СО ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗЕМАЛЕ НАД 600.000 ДЕНАРИ: Кривични пријави за специјалци од ЕБР

АНДОВСКИ: Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани се во релативно тешка состојба

АНДОВСКИ: Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани се во релативно тешка состојба

БЕКТЕШИ ДОБИ УШТЕ 30 ДЕНА ПРИТВОР: Љупчо Папазов оди во куќен притвор

БЕКТЕШИ ДОБИ УШТЕ 30 ДЕНА ПРИТВОР: Љупчо Папазов оди во куќен притвор

ПОЧНА ГУЖВАТА НА БОГОРОДИЦА: Помала колона возила чека да влезе во Грција

ПОЧНА ГУЖВАТА НА БОГОРОДИЦА: Помала колона возила чека да влезе во Грција

Почина уште еден изгорен од дискотеката во Кочани

Почина уште еден изгорен од дискотеката во Кочани

Кичевчанец дивеел низ градот и повредувал луѓе

Кичевчанец дивеел низ градот и повредувал луѓе

ОБВИНИТЕЛСТВО: Ниту еден обвинител не се повлекол поради политички притисоци од истрагата за Кочани

ОБВИНИТЕЛСТВО: Ниту еден обвинител не се повлекол поради политички притисоци од истрагата за Кочани

Полицаецот од Кочани кој се сметаше дека е во бегство, утринава се пријавил сам

Полицаецот од Кочани кој се сметаше дека е во бегство, утринава се пријавил сам