05 Декември, 2025
0.0349

Јавен повик за доделување финансиска поддршка за систем „капка по капка“

Објавено во: Агробизнис 20 Март, 2015 16:09

Добивај вести на Viber

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави  јавен повик за доставување барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година, за набавка на опрема за систем „капка по капка“ за пченка, сончоглед и фуражни култури и бунари за наводнување.

Повикот ќе трае еден месец, до 20 април 2015 година.

Право на користење на средствата имаат земјоделските стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сголасно Законот за земјоделство и рурален развој.

Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50 отсто од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.

Максималната вредност според објавените податоци на страната на Агенцијата  на прифатливи трошоци е до 922.000 денари за инвестиции во систем за наводнување на пченка и фуражни култури и до 364.000 денари за инвестиции за бунари.

Подетални информации може да добиете во контакт центарот на Агенцијата на телефонот (02) 3097-460 или на електронската адреса ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страницата www.ipardpa.gov.mk.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?