05 Декември, 2025
0.0984

Јавен повик за финансирање преку Програмата ИПАРД

Објавено во: Агробизнис 15 Февруари, 2014 12:10

Добивај вести на Viber

Денеска е објавен деветтиот Јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската унија, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Огласот ќе трае до 17 април 2014 година.  Потребната документација за подготовка и поднесување на барањата, вклучително и упатствата за корисниците на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 може да се преземат од веб-адресата на Агенцијатаwww.ipardpa.gov.mk  или www.pa.gov.mk, како и лично во приемницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот. Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 се наменети за:  Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктурирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската унија (Мерка 101);   Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктурирање и надградба за достигнување стандардите на Европската унија (Мерка 103) и Диверзификација и развој на руралните економски активности (Мерка 302).

- Целта на ИПАРД Програмата 2007-2013 е преку соодветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор, преку нивно усогласување со стандардите на Европската унија и постигнување одржлива животна средина и социоекономски развој на руралните средини преку поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за вработување, информира Агенцијата.

Заинтересираните земјоделски производители може да добијат и информации за изготвување и доставување на барања, како и практични совети за аплицирање.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?