Јавен повик за финансирање преку Програмата ИПАРД
Објавено во: Агробизнис 24 Април, 2017 09:17
Денеска е објавен нов повик за доставување барања за користење финансиски средства од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската унија, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Огласот ќе трае до 23 јуни 2017 година.
Потребната документација за подготовка и поднесување на барањата, вклучително и упатствата за корисниците на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 може да се преземат на веб-страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk или www.pa.gov.mk, или лично во приемницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.
Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 се наменети за: инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства, инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи и диверзификација на фармите и развој на бизниси.
Заинтересираните земјоделски производители може да добијат и информации за изготвување и доставување на барања, како и практични совети за аплицирање.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





