Јавен повик за менторски услуги
Објавено во: Мои пари 16 Март, 2023 13:10
Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РСМ – АППРСМ објавува Јавен повик за спроведување на бесплатни стандардизирани менторски услуги во мали и средни претпријатија (МСП ).
Целта на менторските услуги е обезбедување на навремена поддршка на претпријатијата во клучен момент за нивниот понатамошен развој, по методологија развиена и применувана во Јапонија.
Корисниците на менторските услуги заедно со менторот ќе работат на анализа на моменталната состојба во која се наоѓа претпријатието, утврдување на клучните сегменти во кои е потребна поддршка, преточени во акциски план за надминување на истите, како и помош во решавањето на некои од нив.
Mенторите се квалификувани лица соовластувањеда ги спроведуваат услугите врз основа на успешно завршени менторски обуки од областа на дијагностика на претпријатија, финансиски менаџмент, маркетинг, развој на бизнис план, управување со производство, деловна комуникација и развој на човечки ресурси.
Системотна менторски услуги е развиен и стандардизиран во соработка наАППРСМ и Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) во 2018 година и се спроведува во соработка со Регионалните Центри за деловна поддршка во седум региони на територијата на Република Македонија, од каде иницијално доаѓаат и менторите.
Услугата се спроведува веќе 5 години, со вкупен опфат од 186 корисници, коиизразија задоволност и оценија дека менторството им помогнало во работењето.
Јавниот повик е отворен до 31 март 2022 година.
Право на учество на јавниот повик имаат микро, мали, средни претпријатија кои се занимаваат со производствени или услужни дејности.
Менторските услуги се бесплатни за избрани корисници кои ги задоволуваат условите и критериумите дефинирани со Јавниот повик објавен на интернет страната на АППРСМ: http://www.apprm.gov.mk/Javen_Povik-Mentorstvo
За избраните корисници – постојни претпријатија се одобруваат 50 менторски часови, а за почетните претпријатија 25 менторски часови.
Пријавата може да се преземе од интернет страната на АППРСМ: Пријава
или во Регионалните Центри за деловна поддршка- Контакти каде истата се поднесува заедно со придружните обрасци и документација.
Повеќе информации на https://www.facebook.com/mentoringmacedonia/ или обратете се на е-пошта, mentoring@apprm.gov.mk
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




