Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии
Објавено во: Мои пари 23 Јануари, 2025
Личниот буџет е од витално значење во секое време. Меѓутоа, тој е од особена важност сега кога се забележуваат знаци на стагнација, брза инфлација и зголемување на цените на енергетските ресурси во светската економија. Добро осмислениот буџет со предвидливи трошоци ќе ви помогне да ги надминете финансиските потешкотии и да ја одржите економската благосотојба.
Во продолжение прочитај те ги основните принципи и правила кои ќе ви помогнат да ги планирате вашите финансии и трошоци поуспешно.
Поставете ја вашата цел
Јасно поставената цел, и прецизно одредениот временски рок, ќе бидат како едно ветување кон себеси, кои ќе ви помогнат точно да одредите колку вашите навики на трошење ќе мора да се променат за да ја постигнете таа иста цел.
Формирање на навика
Навиката обично се формира за два месеци. За ова време, треба да обрнете
посебно внимание на дисциплина во поглед на трошењето. Обидете се да живеете
економично и не паѓајте на импулсивни купувања. По околу 60 дена, ќе забележите
дека нетрошењето пари станува полесно од трошењето!
Следете го вашето трошење
Редовното следење на вашите приходи и трошоци е клучно за подобро управување со
финансии. Прво, разгледајте ги редовните и повремените трошоци за да видите
каде можете да заштедите. Користете табела во Excel или некоја апликација за
лесно да ги следите трошоците по категории, како што се храна, комуналии,
образование, транспорт и други. Ова ќе ви помогне да ги оптимизирате трошоците
и да создадете навики за штедење.
Покријте ги основните трошоци
Основните трошоци вклучуваат редовни обврски како што се трошоците за станување
или куќа и финансиски обврски, како банкарски кредити, кои не треба да се
одложуваат. Храната, исто така, може да биде дел од основните трошоци, каде што
со внимателно планирање на купувањата можете да изберете поевтини алтернативи и
да заштедите.
Трошете помалку на секундарни добра
Претходното правило нè води до следното – трошете помалку на предмети кои не се
неопходни за удобен живот. Ако сакате да заштедите пари, не ви се потребни
најскапите обувки или дизајнерска чанта. Обидете се да го балансирате
квалитетот, брендот и цената, ставајќи ја функционалноста на прво место.
Справете се со инфлацијата и животниот стил
Често, ако нечиј приход се зголемува, амбициите за трошење пари исто така се
зголемуваат. Во таков случај, постои ризик од влегување во таканаречена
,,сопствена трка’’ каде што почнувате да заработувате повеќе, почнувате да
трошите повеќе, вашите потреби и финансиски обврски се зголемуваат, што ве тера
да работите уште повеќе за да заработите повеќе, и така натаму. Затоа,
продолжете мудро да ги користите вашите пари, одржувајќи ја навиката на
заштеда.
Не носете брзи одлуки за заемот
Ако сте успеале да го стабилизирате својот приход и редовно да заштедувате,
внимателно проценете дали заемот е вистински потребен или можете да заштедите
доволно пари за да направите купување без кредит. Не брзајте да преземете
кредитни обврски и не мора секогаш да го користите максималниот износ што ви се
нуди. Ако сепак решите да земете кредит, внимателно разгледајте ги понудите од
различни институции, земајќи ги предвид каматните стапки и дополнителните
трошоци, за да изберете најповолна опција.
Редовни заштеди и сигурносна основа
Не заборавајте да заштедувате најмалку 10-20% од вашиот нето приход или да
создадете сигурносна основа од 3-6 месечни плати. Ова ќе ви помогне да бидете
подготвени ако се соочите со неочекуван трошок или изгубите работа, без потреба
да се задолжите. Препорачливо е да штедите на посебна сметка за заштеда, без да
правите дневни исплати. Ако одлучите да чувате кеш, обрнете внимание на
безбедноста на местото каде што ги складирате вашите пари