29 Мај, 2024
0.0274

Јавните обвинители дадоа зелено светло за смена на Зврлевски

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Советот на јавни обвинители на денешната седница ја поддржа владата во барањето за смена на актуелниот државен јавен обвинител Марко Зврлевски.

Тие прифатија да биде разрешен Зврлевски кој новата власт го окарактеризира како обвинител кој ја извршувал функцијата  незаконско и ненавремено.

Сега согласно процедурата, Зврлевски треба да го разреши Собранието. За тоа е потребно росто мнозинство од 61 глас. 

Потоа треба да се распише оглас за избор на нов Јавен обвинител.

Зврлевски беше избран на 21 Јануари 2013 година со 58 гласови “за“ и ниту еден против или воздржан за нов Јавен обвинител. 

На оваа позиција дојде од скопското обвинителство, наследувајќи го дотогашниот обвинител Љупчо Шврговски. 

Четири години подоцна, почнува постапката за разрешување на Зврлевски, со тоа што од страна на Владата предводена од СДСМ е покрената инцијатива. Следни на потег се Советот на јавни обвинители кој треба да испрати мислење до Владата. Обвинителот Зврлевски непосредно по изборот во 2013 година беше регистриран на Ромскиот бал, во друштво на Сашо Мијалков, Никола Грувески и Амди Бајрам, по што не запреа коментарите за негова блискост со доскорешната власт предводена од Вмро-Дпмне. 

Можеби ќе ве интересира

КЛЕКОВСКИ БИ САКАЛ ВЕТО ДА НИ СТАВИ ХОЛАНДИЈА: И тоа за криминал и корупција

КЛЕКОВСКИ БИ САКАЛ ВЕТО ДА НИ СТАВИ ХОЛАНДИЈА: И тоа за криминал и корупција

ДИМИТРОВ ЗА КАТИМЕРИНИ: Можеме премногу да загубиме, а премалку да добиеме ако тргнеме по деструктивниот пат

ДИМИТРОВ ЗА КАТИМЕРИНИ: Можеме премногу да загубиме, а премалку да добиеме ако тргнеме по деструктивниот пат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Верифицирани мандатите на 118 пратеници, Африм Гаши е новиот собраниски претседател

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Верифицирани мандатите на 118 пратеници, Африм Гаши е новиот собраниски претседател

БОГОЕВ: Пратениците треба да знаат дека се избрани од народот за во Собрание да аргументираат и дискутираат, а не да се сликаат

БОГОЕВ: Пратениците треба да знаат дека се избрани од народот за во Собрание да аргументираат и дискутираат, а не да се сликаат

„ВРЕДИ“: ДУИ застанува на иста линија со антизападната Левицa

„ВРЕДИ“: ДУИ застанува на иста линија со антизападната Левицa

(ВИДЕО) СЕ ЗАНИМАВАЛ СО МУЗИКА, БИЛ ПУБЛИЦИСТ: Кој е Африм Гаши?

(ВИДЕО) СЕ ЗАНИМАВАЛ СО МУЗИКА, БИЛ ПУБЛИЦИСТ: Кој е Африм Гаши?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Не бев консултирана за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Не бев консултирана за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница

ИНЦИДЕНТ: Маж го нападна Курто Дудуш во просториите на Општина Шуто Оризари

ИНЦИДЕНТ: Маж го нападна Курто Дудуш во просториите на Општина Шуто Оризари

Прво обраќање на Мицкоски од собраниска говорница: Се извинувам за однесувањето на Левица

Прво обраќање на Мицкоски од собраниска говорница: Се извинувам за однесувањето на Левица