Јавноста згрозена од фотографиите од Клиничката болница во Битола: Пациенти примаат инфузија кревет до кревет со починати

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2020
Денеска на Фејсбук, Васко Белески од Битола објави застрашувачки фотографии од Клиничката болница на која се гледаат како во една болничка соба, пациент прима инфузија, а веднаш до него лежат две починати лица.
Директорката на Клиничката болница-Битола, доктор Билјана Гагачовска, за Слободен печат ја потврди објавата, вели дека не станува збор за ковид пациенти туку за лица што починале во тријажниот оддел. Таа тврди дека законска обврска на секоја здравствена институција е пациентот кога ќе почине два часа да остане во институцијата, а дека фотографиите се снимени во тој меѓупериод, кога се информирале семејствата, кога се повикувало погребно претпријатие и кога се организирало пренесувањето на починатите во болничката мртовечница.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Полицијата казнува на Водици, а не вистинските криминалци на улиците

Здравев: Двајца судии ќе одговараат за 1.500-те заостанати платни налози

Макпетрол Инфо Поинт: Безбедносниот појас за 60 проценти ги намалува фаталните последици при сообраќајна незгода

ДИРЕКТНА И НЕПОВРАТНА ПОМОШ ЗА ТРАНСПОРТОТ, ТУРИЗМОТ И УГОСТИТЕЛСТВОТО - 15 конкретни барања од ССК

Адеми: Никогаш нема да прифатам попис со Албанците под 20 отсто

Институциите се изживуват со мене цели 10 месеци: Штипјанката Донева обвинува откако синот незаконски и е одземен од таткото
ЌЕ СЕ АКТИВИРА ЛИ ПОВТОРНО БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ВО ПОЛИТИКАТА – тој вели, останувам настрана

Намалување и позитивните и на смртните случаи во однос на претходната недела
