Јавно обвинителство: Се проверува дали снимените разговори биле избришани или пренесени на друг уред
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2018 12:19
Со оглед на големиот интерес што во јавноста го предизвика информацијата за сознанијата дека е снимана телефонската комуникација остварена преку фиксна телефонска мрежа во зградата на јавното обвинителство, Јавното обвинителство на Република Македонија истакнува дека со исклучителна сериозност и внимателност се проверуваат сите аспекти на настанот и се работи на утврдување на евентуална кривична одговорност, вели портпаролот на Јавното обвинителство на Република Македонија, Елизабета Недановска.
Предистражната постапка е отворена веднаш по добиените сознанија дека телефонските разговори остварени преку фиксна телефонија во зградата на јавното обвинителство биле снимани.
„Иако пронајдените податоци со снимени разговори на двата хард диска од телефонската централа датираат од 30.09.2016 година, постојат индиции кои укажуваат дека снимањето траело од набавката и инсталирањето на опремата, односно од 2013 година. Во таа насока, се проверува и дали снимените разговори биле избришани или пренесени на друг уред. Како што веќе известивме, првичните сознанија од предистражната постапка укажуваат дека снимањето се вршело на двата хард диска од телефонската централа во новиот објект во кој се сместени просториите на Основното јавно обвинителство Скопје, Вишото јавно обвинителство Скопје и Јавното обвинителство на Република Македонија. Во рамките на постапката се врши проверка и на тендерската документација за набавка на опремата и на овластувањата за нејзино користење“, велат од обвинителството.
Дополнително, Јавното обвинителство работи на проверка и на индициите дека ист или сличен систем за снимање на телефонски разговори бил употребуван и во други правосудни институции.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




