16 Декември, 2025
0.1043

Јаз меѓу северот и југот на Србија

Објавено во: Балкан 15 Јануари, 2014 09:18

Добивај вести на Viber

Разликите во заработувачката меѓу северот и југот на Србија, укажуваат на нерамномерната развиеност на економијата во земјата, оценува Институтот за пазарни истражувања (ИЗИТ), пренесуваат српските медиуми. На северот од Србија, просечната нето заработувачка во ноември достигнала ниво од 48.906 динари, додека на југот била 37.861 динар, објавено е во новиот билтен на ИЗИТ. Посебно се издвојува белградскиот регион со просечна нето плата од 54.647 динари, што е за околу 45 посто повеќе отколку во регионот на Шумадија и Западна Србија каде е евидентирана најниска просечна нето заработка во износ од 37.719 динари. Тоа укажува на нерамномерната развиеност на економијата во Србија и концентрацијата на капитал и човечки ресурси во Белград или посеверно од него. Просечната нето плата во Војводина во ноември, била 42.669 динари, а во јужна и источна Србија, 38.030 динари. Таква разлика во висината на просечните нето плати по региони во Србија, е последица на природниот процес на деиндустријализација како производ на неконтролираната приватизација и пребрзата либерализација на пазарот. За да се сопрат таквите неповолни тенденции во развојот на земјата, неопходно е низ стратешко промислување да се поправи деловниот амбиент во помалку развиените подрачја од земјата, а тоа може да се направи и преку јавно-приватни партнерства во тие региони, даночни олеснувања, изградба на сите видови на инфраструктура и тренинг на локалните човечки ресурси, наведува ИЗИТ.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството