Добивај вести на Viber
Болеста „јазлеста кожа“ продолжува да се шири во земјава. Според последните информации од Агенцијата за храна и ветеринарство болеста „јазлеста кожа“ е потврдена во осум општини, односно во Демир Капија, Штип, Василево, Босилово, Радовиш, Струмица, Ново Село и Делчево. Вкупно 12 животни во 10 одгледувалишта манифестирале клиничка слика и за нив е добиена лабораториска потврда дека се заболени, а 235 се усмртни.Од Агенцијата и експертите за ветеринарство укажуваат дека е важно градоначалниците навреме да прскаат против комарци и ларви за да спречи ширењето на болеста.
Дополнително експертите посочуваат дека и фармерите треба превентивно да прскаат во одгледувалиштата со средства против комарци и ларви. Колку е опасна оваа болест за животните, дали се пренесува на крајниот производ?
Во принцип, млекото и месото можат да бидат контаминирани со вирусот, но тоа и нема некое значење со оглед на тоа што тие термички се обработуваат, вели професор д-р Славчо Мреношки од Факултетот за ветеринарна медицина.
Фактор: Болеста „јазлеста кожа“ забрзано се шири во земјава, колку е опасна за говедата?
Мреношки: Болеста има висок процент на морбидитет (заболени животни) но генерално многу низок процент на смртност (1-3%; ретко може тој процент да биде и поголем и да достигне до 40%). Најголемиот проблем кај болеста е економскиот момент поради наглиот пад на млечноста кај кравите, појавата на абортуси, како и стерилитет кај кравите и биковите, намалениот прираст на товните говеда, намалената вредност на кожата (која се користи после колење на животните, а е последица на промените кои ги предизвикува вирусната инфекција), забраната на трговија со живи животни и нивни продукти, трошоците за вакцинација и контрола на болеста (дезинфекција, дезинсекција и слично).Кога ќе се регистрира во некој регион се уништуваат не само заболените туку и животните кои биле во контакт со тие животни.
Фактор: Кои се причините за појавата на оваа болест и дали досега сме имале ваква болест кај говедата во земјава?
Мреношки: Болеста се смета за ендемска во делови од Африка, но од 2013 година се рашири во земјите на Блискиот исток (Израел, Палестина, Јордан, Либан и Египет) како и Турција (Азискиот дел од земјата). На Европскиот континент за првпат е регистрирана во јуни 2015 година (Турција, европскиот дел) за потоа да се прошири во Грција (Август 2015), Бугарија и Македонија (Април 2016). Ова е за прв пат да се регистрира болеста во Македонија.Болеста може да се шири во еден регион, односно од земја во земја преку инсекти (најчесто донесени со ветар), инфицирани животни или преку движење на луѓе кои биле во контакт со инфицирани животни.
Фактор: Како се пренесува болеста меѓу животните, дали може да се пренесе на крајниот производот во случајов млеко и месо, но и дали може да се зарази човекот?
Мреношки: Главен начин на пренесување се инсектите (комарци, муви, евентуално крлежи) иако има сугестии дека се можни и директиот контакт помеѓу животните како и индиректното пренесување (преку предмети контаминирани со секрети од инфицираните животни).Во принцип, млекото и месото можат да бидат контаминирани со вирусот, но тоа и нема некое значење со оглед на тоа што тие термички се обработуваат, а вирусот не е патоген за човекот.
Фактор: Што е клучно за справување со болеста „јазлеста кожа“, односно освен вакцините колку треба да се внимава на хигиената во фармите, прскање во фармите против инсекти ?
Мреношки: Клучно е: Активен надзор и брза детекција на заболените и инфицираните животни со карантиризирање и депопулација на позитивните и животните во контакт, соодветно отстранување на мршите,чистење и дезинфекција на објектите каде се чува стоката,контрола на инсектите (користење на заштитни мрежи на објектите, инсектициди и репеленти кај животните),ограничување на движењето на животните.Вакцините најчесто се користат за контрола на болеста во ендемски зафатените подрачја.
Т.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: