Јемен: Бунтовниците ја превземаа власта
Објавено во: Свет 06 Февруари, 2015 18:30
Бунтовниците во Јемен денеска соопштиле дека ја превемале власта во таа земја и го распуштиле парламентот.
Во соопштението објавено на јеменската телевизија од Републичката палата во престолнината Сани, таа група навела дека основала претседателски совет, кој ќе дејствува како влада во текот на двегодишниот период.
Бунтовниците навеле дека „Револуционерните комитети“ ќе бидат задолжени за основање на нов парламент од 551 членови.
„Ова е нова ера во која Јемен ќе стигне до сигурните брегови“, рекол цитирајќи го соопштението за превземањето на власта во земјата неименуван претставник на Хута. Бунтовниците во септември ја превземаа власта во престолнина, а во судирите ширум земјата зевземале уште неколку јеменски градови.
После завземањето на претседателската палата, седиштето на шефот на државата Абеда Рабе Масур Хадиј, претседателот и целата влада во јануари поднеле оставки на Хади и министрите од тогаш се во домашен притвор.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




