05 Декември, 2025
0.0420

Job Fair-саем за вработување и кариера

Објавено во: Мои пари 22 Април, 2013 10:53

Добивај вести на Viber

Саем за вработување и кариера Job Fair, на кој студентите ќе имаат можност да им пристапат на компаниите учеснички кои ќе се презентираат на штандовите поставени во просториите на техничките факултети во Скопје, започнува во понеделник и ќе трае до среда. Студентите  ќе бидат во можност директно да им се обратат на претставници на компаниите, да се консултираат, како и да побараат одговор на голем број прашања и ќе имаат можност да присуствуваат и на предавања, презентации и обуки на различни теми. На саемот за вработување и кариера и оваа година ќе се претстават успешни компании од целата држава, а целта на овој настан е доближување на компаниите до студентите и дипломците преку директен контакт на работодавците со нивните идни вработени. Компаниите се видно заинтересирани за соработка со студентите и пронаоѓање на нивниот посакуван работен кадар. Доколку студентите сакаат да пронајдат квалитетна пракса или пак да го добијат своето посакувано работно место, потребно е да  го остават  своето CV на веб страната www.jobfair.org.mk. Кратките биографии автоматски стануваат дел од датабазата до која имаат пристап компаниите учеснички. Предвидено е денеска конкретно да се опфатат темите: “Како до сопствен бизнис”, “Обука за пишување професионално CV” и “Како до поголема вработливост на инженерите (студентите) во Р.М.”. Job Fair е проект во целосна организација на БЕСТ Скопје и истиот им нуди одлична шанса за вработување, пракси и соработка на студентите и компаниите во Македонија. БЕСТ- Борд на Европски Студенти по Технологија е непрофитна и неполитичка организација која на студентите им дава можност да го да го прошират своето знаење за теми кои го надополнуваат нивното образование преку организирање академски курсеви, инженерски натпревари, симпозиуми за едукација, тренинзи и културни размени.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј