Јордан сака целосно да ја уништи Исламската држава
Објавено во: Свет 07 Февруари, 2015 19:10
Јордан ќе ги прогонува екстремистите на Исламската држава „каде и да се наоѓаат“ и планира „целосно да ги избрише“, рекол јорданскиот министер за внатрешни работи Хусеин ал Маджали, како што пренесуваат денеска тамошните медиуми.
Ова е последно во низата предупредувања на екстремистите дека им следува жестока одмазда затоа што заложникот, јорданскиот воен пилот Касесбах, го запалија жив во кафез.
Видео снимката која ја направи Исламската држава а во која се гледа страдањето на Касесбах, ја пробуди омразата во Јордан и регионот на Блискиот исток.
Јорданската воена авијација во четвртокот и петокот бобмардираше складшта оружје и центри за обука на борците на Исламската држава.
Кралството Јордан во септември им се придружи на коалицијата западни и арапски земји на чело со САД во борба против терористичките организации кои заземаа значајни територии на Сирија и Ирак.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




