Јотова ќе отвора канцеларија во Охрид
Објавено во: Македонија 17 Април, 2022 08:45
Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова денеска ќе престојува во посета на Охрид, каде пто е предвидено да присуствува на отворањето на канцеларија на Здружението за толеранција и соработка „Хоризонти“.
Јотова, која вчера и денеска е во посета на земјава, заедно со бугарскиот премиер Кирил Петков, утре во Охрид ќе го посети Дневниот центар за деца со аутизам. Проектот е финансиран од бугарската влада како дел од програмата на Министерството за надворешни работи „Бугарска развојна помош“.
Јотова вчера во Битола одговори „Кои се тие Македонци?“, на новинарското прашање дали ќе им се признаат правата на Македонците во Бугарија.
Таа рече дека во Битола дошле за да ги поддржат Бугарите во Република Северна Македонија и да го отворат новиот клуб. Таа нагласи дека позицијата на Бугарија е непроменета во однос на почетокот на преговорите.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




