Јовановски за падот на БДП: Ситуацијата е тешка и неизвесна, потребна е брза акција
Објавено во: Економија, Корона Вирус 07 Септември, 2020
Зоран Јовановски, главен советник на Управниот одбор на Стопанска комора на Македонија за економски прашања, и некогашен потпретседател на СДСМ, на Фејсбук пишува дека високиот пад на македонската економија од 12,7 отсто, регистриран во месеците април, мај и јуни, е очекуван.
Додава дека тогаш секаде се случи најголемиот удар врз економијата.
„Но, економското заздравување, во многу земји во светот, почна да запира откако завршија владините мерки за помош. Тоа значи дека проблемите нема да се решат така брзо како што се мислеше претходно. Патем, во проекцијата на Standard & Poor's за цела 2020 година, објавена пред неколку дена, се предвидува пад на македонската економија за 6%, што е значително полошо од другите проекции. Времето ќе покаже, секаде во светот, дали владините мерки за спас на работните места ги спречи или само ги одложи отпуштањата. Важно е да се биде реален. Ситуацијата е тешка и неизвесна. Потребна е брза акција“, пишува Јовановски.
Премиерот Зоран Заев е оптимист. Вели дека нашата економија 60 проценти е поврзана со европската економија и голем дел од работите не зависат само од нас. Како пример посочи дека и германската економија има голем пад.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.