19 Февруари, 2019
0.3025
    ALK 8399.04    0.8%     GRNT 819.84    1.13%     KMB 5511.54    1.71%     MKSD 200    1.89%     MPOL 378.85    1.57%     MPT 51376.33    -0.05%     MTUR 5110.78    0.21%     OHB 6719.33    0.29%     RZUS 105    7.14%     SBT 2412.53    3.16%     STB 1252.62    0.27%     STIL 125.5    2.87%     TEL 314.49    1.23%     TKVS 5250    -0.09%     TNB 15495.99    1.28%     TTK 1380    0%     UNI 2239.38    0.87%     ZILU 251.3    2.15%

Јовановиќ: Зошто тогаш Владата сакаше по секоја цена да се задолжи надвор?

Објавено во: Економија, Колумни 20 Јули, 2016

Зошто Владата го смали износот на еврообврзницата и нејзината рочност? По мое мислење, заради целокупната врева која се крена околу еврообврзницата, вели во својата колумна Бранимир Јовановиќ, економски истражувач и член на Левица.  Јовановиќ додава дека со писмата до банките, петициите, протестите, колумните, јавните настапи, и другите форми на притисок против еврообврзницата, можеби не успеавме да ја натераме Владата да се откаже од намерата да издаде еврообврзница, но успеавме да го намалиме нејзиниот износ и рочност, а со тоа и да заштедиме 213 милиони евра. И тоа е нешто.

Вчера беше промовиран „Предлогот за итни демократски реформи“, документ во кој неколку граѓански организации и експерти даваат концизен сет на мерки за надминување на политичката криза и за организирање фер избори. Заради тоа што голем дел од изборните манипулации се одвиваат преку државниот буџет, едно од поглавјата на документот се однесува на јавните финансии.

Во ова поглавје како два суштински проблема со начинот на водење на јавните финансии се идентификуваат нетранспаретноста (т.е. тоа што јавноста не е запознаена со одлуките во врска со јавните пари) и недисциплината (т.е. тоа што јавните пари се трошат поинаку од она што е првично зацртано).

Откако го презентирав поглавјево, аргументирав дека еврообврзницата треба да се запре, затоа што се коси со принципите на транспарентност и дисциплина, затоа што не знаеме ништо за неа, и затоа што не беше планирана во толкав обем.

Тогаш прочитав на Ројтерс, британската новинска агенција, дека Владата повторно почнала со продавање на еврообврзницата. На сајтот на Министерството за финансии немаше ништо. Веднаш си помислив – зарем од Ројтерс треба да дознаваме за вакви работи? На Ројтерс ли му плаќаме даноци?

Цел ден со нетрпение го исчекував исходот од новиот обид за издавање на обврзницата. Доцна вечерта конечно беше официјално објавено дека износот е 450 милиони евра, а купонската камата е 5.625%, што значи дека во наредните 7 години, на неа ќе бидат платени 177 милиони евра како камата (5.625%*450*7).

Прво што се забележува е дека износот на евообврзницата е далеку помал од оние 650 милиони евра кои беа објавени во одлуката на Владата. Тој е близок до износот на надворешно задолжување од 370 милиони евра, кој беше специфициран во првичниот Буџет за 2016 година. И рочноста од 7 години е значајно помала од онаа која првично беше објавена, од 10 години. Ова овозможи и да биде понудена нешто пониска купонската камата, од 5.625%. Доколку Владата решеше да оди со десетгодишна обврзница, со износ од 650 милиони евра, веројатно ќе требаше да понуди камата од околу 6%. Во тој случај, вкупниот износ на платени камати ќе достигнеше 390 милиони евра (6%*650*10).

Зошто Владата го смали износот на еврообврзницата и нејзината рочност? По мое мислење, заради целокупната врева која се крена околу еврообврзницата. Со писмата до банките, петициите, протестите, колумните, јавните настапи, и другите форми на притисок против еврообврзницата, можеби не успеавме да ја натераме Владата да се откаже од намерата да издаде еврообврзница, но успеавме да го намалиме нејзиниот износ и рочност, а со тоа и да заштедиме 213 милиони евра. И тоа е нешто.

Секако, останува прашањето – дали еврообврзницата навистина беше потребна? Особено затоа што Владата може да обезбеди 450 милиони евра и на домашниот финансиски пазар. Износот на средства кои се моментално пласирани кај Народната Банка, во благајнички записи и во седумденевен депозит, изнесува токму околу 450 милиони евра. Каматната стапка на домашното задолжување е значајно пониска од онаа надвор.  На пример, на последната аукција на 10-годишни државни обврзници, реализирана е камата од 3.7%. Со таква камата, на износ од 450 милиони евра, на 7 години, би се заштедиле околу 60 милиони евра на камати. Зошто тогаш Владата сакаше по секоја цена да се задолжи надвор?

Првото објаснување е дека се плаши од граѓанска непослушност. Се плаши дека граѓаните можат да почнат да ги повлекуваат депозитите од банките, што банките би ги оставило без средства за финансирање на Владата. Да не заборавиме, во април беа повлечени околу 100 милиони евра од банките. Тоа тогаш се случи сосема спонтано, без никакви повици за непослушност. Можете да си замислите што би се случило ако се почне некоја масовна кампања за непослушност.

Второто објаснување е дека ако Владата се откажеше од својата намера, таа ќе оставеше впечаток на власт која ги слуша граѓаните. Тоа ќе беше во директна спротивност со оној впечаток кој таа го остава сите овие години- дека е таа цврста власт, која не отстапува од своите намери, колку и да биле тие погрешни, колку и да биле тие против волјата на граѓаните. Оваа власт својата сила ја црпи од стравот на граѓаните, а тој стравпаѓа кога власта ги слуша граѓаните.

Но, тоа што власта продолжува со владеењето базирано на страв, само покажува дека ништо не е сменето во однос на порано и дека ништо нема ни да се смени. Груевски и Ставрески можеби не се веќе дел од Владата, но Димитриев и Миноски се нивна верна копија и ќе продолжат со истиот начин на владеење и во наредниот период.

Токму заради ова треба уште поодлучно и поистрајно да се бориме против оваа власт. Зашто, не сакаме власт која владее со страв. Не сакаме власт која не ги слуша граѓаните. Сакаме вистинска промена. Сакаме власт која ќе работи за општото добро и своите одлуки ќе ги базира на разумни аргументи.

Бранимир Јовановиќ, економски истражувач

Можеби ќе ве интересира

„ПАДНА“ ДОГОВОР: Поевтин роаминг ќе имаме со Грција

„ПАДНА“ ДОГОВОР: Поевтин роаминг ќе имаме со Грција

Ќе ги позлати ли ЕЛЕМ машините за ископ во РЕК Битола?

Ќе ги позлати ли ЕЛЕМ машините за ископ во РЕК Битола?

За десет дена ќе се знае кој ќе биде универзален снабдувач на струја во Македонија

За десет дена ќе се знае кој ќе биде универзален снабдувач на струја во Македонија

КОКА КОЛА ДАДЕ 260 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА „БАМБИ“: Сега го “мерка“ и „Књаз Милош“

КОКА КОЛА ДАДЕ 260 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА „БАМБИ“: Сега го “мерка“ и „Књаз Милош“

Заев на средба со 40 бизнисмени

Заев на средба со 40 бизнисмени

Најсеверниот град во светот има најповолни станови, никој не ги сака: Исланд на раб на криза

Најсеверниот град во светот има најповолни станови, никој не ги сака: Исланд на раб на криза

УТРИНСКИ ФОКУС: Поскапе бензинот, ЕЛЕМ пиша-бриша тендери, нафтени резерви

УТРИНСКИ ФОКУС: Поскапе бензинот, ЕЛЕМ пиша-бриша тендери, нафтени резерви

Србија има уште за враќање долг на Косово

Србија има уште за враќање долг на Косово

Зошто ЕЛЕМ ги поништи досегашните тендери, и ќе го чека тој во април?

Зошто ЕЛЕМ ги поништи досегашните тендери, и ќе го чека тој во април?