Јовановски дигна раце од менаџирање на 850 паркинг-места на атрактивни локации
Објавено во: Економија 06 Јули, 2018 06:30
Бизнисменот Мите Јовановски за „Фактор“ изјави дека
850 паркинг-места од три катни гаражи во градското јадро на Скопје остануваат
нефункционални, бидејќи се откажува од понатамошно менаџирање на истите.
Изградбата на катните гаражи на атрактивни локации ја опиша како лоша авантура од која не видел добивка.
Пред три години за атрактивната локација за несудената катна гаража позади Телеком сопственикот на бензинските пумпи „Макоил“ наведе дека, поради притисоци, побарал да му се вратат парите од 700 евра по квадрат за површина од 500 м2 од Министерството за транспорт и врски.
- По долг судски процес, бидејќи не можев да ја регистрирам катната гаража на мое име, тој спор го добив пред пет месеци и сега ми се вратени парите што тогаш ги платив. Останува уште да расчистам со трите катни гаражи. Станува збор за постоечки, а нефункционални 850 паркинг-места во три катни гаражи кои не работат. Станува збор за 300 паркинзи кај „Судска палата“, 300 на улица „Орце Николов“ и 250 кај „Веро центар“ - вели Јовановски.
Гаражата кај „Судска плата“ е половина година под оглас за продажба или закуп, а исто толку време не работи. Јовановски тврди дека причина за тоа што сака да се ослободи од обврските за менаџирање е нелојалната конкуренција и високите трошоци.
- Се соочував со нелојална конкуренција од Градски паркинг, а исто така Град Скопје ми испаќаше голема сума за комунална такса која, според моја пресметка, требав да ја плаќам во износ од 10 насто од вкупната добивка, што за мене тоа претставува одземање на личниот профит, бидејќи не станува за јавна површина туку за приватна. Доколку некој понуди 3.000 евра месечна кирија, или 4.500.000 евра за купување, подготвен сум да ја отстапам. Како дополнителна причина е неможноста да ја пренаменам за друга бизнис-дејност. Кога ќе се соберат трошоците за ДДВ, вработени и одржување, изгледа како тотално неисплатливо - додава тој.
Бизнисменот вели дека поради истите причини го изгубил интересот и кај катните гаражи кај Веро центар и ул.Орце Николов, кои не се активни.Судбината на овие градби останува неизвесна, а Јовановски вели дека реалноста на крајот излегла сосема поинаква од неговите планови и замисли.
Александар Кузмановски* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката





