05 Декември, 2025
0.0329

Јовановски: Груевски да не го крие долгот!

Објавено во: Економија 18 Ноември, 2012 14:29

Добивај вести на Viber

- Според досега расположливите информации, во период од само три години, во 2015, 2016 и 2017-та година заедно, ќе мора да вратиме долг кон странство поголем од една милијарда евра. Овој податок го имаше во документ што се вика Стратегија за управување со јавниот долг. Последната ваква Стратегија е објавена пред 2,5 години, во март 2010 година вели Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ. Оваа Стратегија за управување со јавниот долг веќе не постои како посебен документ, додава тој, бидејќи требаше да стане дел од еден друг документ што се вика фискална стратегија. Последната фискална стратегија е објавена пред две години и е целосно застарена и неупотреблива. Нема нова за периодот 2012-2014 година. Ова го констатира и последниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија, каде што на стр.22 пишува дека и покрај постојните законски обврски фискалната стратегија и стратегијата за јавниот долг се уште не се обновени за периодот 2012-2014 година, сметаат од СДСМ. - Знаеме дека Владата на премиерот Груевски  со години безмилосно ги задолжува граѓаните, без притоа точно да се знае намената на тоа задолжување. Сметката за таквото задолжување неизбежно ќе дојде и тогаш ќе се види дека живеењето на кредит што го прави оваа Влада е лажно и изгледа убаво само додека дојде сметката за враќање на долговите. Затоа, бараме Владата на премиерот Груевски под итно да постапи согласно нејзините законски обврски и да ги обнови потребните документи за да знаат граѓаните колкав долг ќе треба да враќаме во 2014, во 2015, во 2016, во 2017 година итн. Како граѓани на оваа земја имаме право да ја знаеме сметката од владеењето на премиерот Груевски и тоа што поскоро. Да не испадне после како со долгот на државата кон фирмите, 2,5 години премиерот и министрите го криеја долгот, па после излезе дека не само што има долг туку тој е во милиони евра и ќе мора со месеци да се враќа, изјави Јовановски.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември