Јовев ја одби понудата на Меџити да му биде советник
Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2023 17:05
Разрешениот директор на Државна кардиохирургија, Сашо Јовев, во најавата за утрешната емисија „Трилинг“ рече дека ја одбил понудата на министерот за здравство Фатмир Меџити да му биде советник во кабинетот.
- Не сум јас за таму, јас им припаѓам на моите пациенти и мојот тим. Што значи - да, ја одбивам понудата, рече професорот во емисијата.
Јовев за утрешното издание на Трилинг вели дека засега останува на клиниката за кардиохирургија и не прифаќа да биде национален советник за Кардиохирургија. Тој очекува да види кој ќе биде негов наследник ако во меѓувреме министерот не ја преиспита својата одлука, но не исклучува и да замине од јавното здравство.
Платата на директор е 80.000 денари, вели тој, а со дежурства и дополнителни часови е двојно поголема
Меџити денеска рече дека утринава се сретнал со Јовев со кого го пиел утринското кафе, но одби да одговори дали Јовев му ја прифатил понудата по разрешувањето, односно рече дека не зборувале за тоа.
- Се надевам уште еднаш дека ќе ја преиспита одлука за мое разрешување од Клинката за кардиохирургија и ќе ги прифати реакциите од јавноста, вели професор доктор Сашко Јовев.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




