05 Декември, 2025
0.0361

ЈП Македонски шуми се поднови со три булдожери

Објавено во: Мои пари 22 Март, 2013 14:19

Добивај вести на Viber

Според императивот дека ЈП "Македонски шуми"мора да се трансформира во претпријатие со тенденција на вклопување во европските рамки, за прв пат од постоењето на ЈП, преземени се мерки за заштеда, а тоа значи инвестирање во сопствено производство со сопствени основни средства. Во септември и октомври 2011, 20 теренски возила Лада Нива, во две транши по 10 возила беа доделени на 20 подружници на ЈП. Во нашата инвестициона програма за 2011. година беше планирана набавка на три нови булдожери, кои се веќе си ја оправдаа набавката со заштедите кои ги направија за нашето претпријатие. Пред нас се уште  3 нови градежни машини (булдожери), подготвени за работа, со тоа што следнита години заштедите за ЈП Македонски шуми ќе бидат уште поголеми, а се разбира и приходот на ЈП, што е крајна цел на секое претпријатие кое домаќински работи и се грижи за рентабилноста во работата. Ако се знае дека до сега според тендерските набавки кои секоја година сме ги користеле, за прочистување на 1 км пат се трошело 10 000,00 ден., за реконструкција околу 20 000,00 ден., а за изградба на еден километар пат е потребно околу 280 000, 00ден., по километар а на годишно ниво се прочистува во просек мрежа од 244 км, се реконструираат 50км, шумски патишта, тогаш е јасна оправданоста на оваа инвестиција. За тековната, 2013 година е планирано пробивање на 251км   шумски пат, реконструкција на 217 км и прочистување на 1730 км патишта. До сега ови средства се даваа на надворешни извршители по пат на Јавна набавка, а сега, со извршувањето на овие работи со сопствена механизација заштедата ќе биде 40% од трошоците на претпријатието за пробивање, одржување и реконструкција на шумски патишта. Овие машини според карактеристиките ги задоволуваат потребите за намената. Работните карактеристики на булдожерите се 1)     работна маса на машината од 16.000-17.000 кгр, 2)     јачина на моторот 130K 3)     максимална влечна сила 135-145 kN Произведени се во Кина, во фирмата LUIGONG, со вграден германски мотор. Набавени се по пат на сукцесивни набавки по претходна нарачка, со отворена постапка која завршува со електронска аукција. Вредноста на еден булдожер е 7.630.000,00 денари, без ДДВ, авкупната инвестиција изнесува 22.890.000,00 денари, без ДДВ, средства кои лично ги обезбеди Јавното претпријатие. Во договорот за оваа набавка е внесена гаранција од 2 години која се однесува  за резервни делови и потрошен материјал за набавените машини.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност