03 Јули, 2024
0.0337

ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА: Идриз Орана да престане со притисоците врз членовите, вработените, со иницирање на инциденти

Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, велат дека во текот на денешниот ден, повторно се соочиле со непријатни ситуации и настани наметнати од страна на претседателот на Управниот Одбор на претпријатието, Идриз Орана.

Додаваат дека денешниот инцидент е последен од серијата инциденти со кои менаџментот, но и вработените на претпријатието се соочуваат во изминатиот период.

„Овој тип на инциденти создаваат непријатна и нездрава средина за нормално фунционирање на вработените, а за жал во некои од нив, покрај вербалните има и физички навреди, закани и притисоци. Сите овие настани и инциденти се пријавени во МВР. Во текот на денешниот ден, претседателот на УО на ЈП Водовод и канализација – Скопје, повторно иницираше инцидент, одбивајќи да го одржи состанокот на одредената локација предвидена за истото, на петтиот кат, каде како и за сите состаноци истата беше наместена и организирана соодветно. Наместо таму, на негова иницијатива и притисок од негова страна, членовите на УО кои веќе беа седнати на 5-от кат во Салата за состаноци по телефонски повик од негова страна се симнуваат долу за да предизвикаат инцидент со обезбедувањето каде меѓу другото, претседателот на УО, Орана се обиде да иницира и физички судир со обезбедувањето. Обезбедувањето на ЈП Водовод и канализација – Скопје, на ниво на својата задача, го спречи развојот на немилите настани, на мирен и достоинствен начин, со цел задржување на редот и безбедноста во претпријатието. Менаџментот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, испраќа јавно порака до претседателот на УО, Идриз Орана, да престане со притисоците врз членовите, вработените, со иницирање на инциденти, како и со обвинувања за нефункционалноста на менаџментот само за да ја исполни својата цел – неговата сопруга да продолжи со континуирано повеќегодишно продолжување на боледувањето и истата да биде „недопирлива“ за проверка, казна, дисциплинска и друга одговорност. Правилата, прописите и протоколите за работа мора да се почитуваат и да важат за секого, без разлика дали е функционер, претседател на управен одбор или не“, велат од претпријатието. 

Инцидентот е пријавен во полиција и се работи на расчистување. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Чибишев вели дека нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Чибишев вели дека нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат

ТОШКОВСКИ: Најмногу за два месеци ќе се нормализира процесот на издавањето на пасоши

ТОШКОВСКИ: Најмногу за два месеци ќе се нормализира процесот на издавањето на пасоши

ЈСП: Долг од 140 милиони денари кон приватните превозници нема, моменталните побарувања во ЈСП сметководствено изнесуваат 34 милиони

ЈСП: Долг од 140 милиони денари кон приватните превозници нема, моменталните побарувања во ЈСП сметководствено изнесуваат 34 милиони

ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, долгот ќе се сервисира

ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, долгот ќе се сервисира

СЕКОЈ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ ИМА РЕДОВНИ СРЕДБИ СО ГРАЃАНИ: Филипче беше на прва координација со пратеничката група

СЕКОЈ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ ИМА РЕДОВНИ СРЕДБИ СО ГРАЃАНИ: Филипче беше на прва координација со пратеничката група

ПРИ НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ: Повредени биле две жени откако врз нив паднало дрво

ПРИ НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ: Повредени биле две жени откако врз нив паднало дрво

ТАРАВАРИ ЗА ДИМИТРИЕВСКИ: Toj е во изборна еуфорија, употребата на албанското знаме е официјална

ТАРАВАРИ ЗА ДИМИТРИЕВСКИ: Toj е во изборна еуфорија, употребата на албанското знаме е официјална

Коце Трајановски ја презеде директорската функција во „Државни патишта“

Коце Трајановски ја презеде директорската функција во „Државни патишта“

„Така би заштедиле 500 милиони евра од унгарскиот кредит“: професор Трајковски со детална анализа за енеретските планови

„Така би заштедиле 500 милиони евра од унгарскиот кредит“: професор Трајковски со детална анализа за енеретските планови