01 Јули, 2024
0.0280

ЈСП – НИКОЈ НЕ Е ИЗБРКАН ОД РАБОТА: Им истекоа договорите на дело на партиските луѓе

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Jавното сообраќајно претпријатие Скопје денеска соопшти дека расчистува со партиските вработувања и превработеноста која, како што нагласуваат оттаму, создава сериозен товар на месечно ниво на буџетот на ова јавно претпријатие.

„Со години различни градски администрации на претпријатието се однесувале кон ЈСП како кон приватен бизнис од кој на секој можен начин се обидувале да извлечат лична корист со цел полнење на своите џебови на грбот на скопјани. Претходните администрации во претпријатието тоа го правеле преку наместени тендери, криминал и корупција и партиските вработувања кои станаа рак рана на македонското општество. Претходните администрации поради ваквото работење создадоа во ЈСП структурни проблеми за кои ќе бидат потребни години за да се решат. Никој во ЈСП не е избркан од работа туку едноставно на лица кои преку партија биле ставени на платен список во претпријатието со договор на дело им се истечени договорите за работа, се наведува во соопштението на ЈСП. 

Нагласууват и дека раководството на Јавното сообраќајно претпријатие работи професионално.

-Претпијатието ја запре лошата пракса на партиски вработувања кои беа сериозно оптоварување за буџетот на претпријатието. Со постоечкиот кадар кој е вработен на неопределно време ЈСП го исполнува оптималниот кадровски капацитет за пружање на граѓаните кои користат јавен превоз редовна, безбедна и сигурна услуга, информираат од ЈСП.

ФОТО: МИА

Можеби ќе ве интересира

Максим Димитриевски се закани со можно напуштање на владеачкото мнозинство

Максим Димитриевски се закани со можно напуштање на владеачкото мнозинство

Петровска: СДСМ има 83.000 членови, а Филипче стана претседател со 9.000 гласа

Петровска: СДСМ има 83.000 членови, а Филипче стана претседател со 9.000 гласа

Предизвикан пожар во уште една коцкарница

Предизвикан пожар во уште една коцкарница

Новиот министер за евроинтеграции го помеша Дејвид Гир со актерот Ричард Гир

Новиот министер за евроинтеграции го помеша Дејвид Гир со актерот Ричард Гир

МНР го повика амбасадорот од Тирана на консултации по скандалозниот попис на Албанија

МНР го повика амбасадорот од Тирана на консултации по скандалозниот попис на Албанија

Албански планинар го замени македонското со албанското знаме на врвот Кораб

Албански планинар го замени македонското со албанското знаме на врвот Кораб

Распишан тендерот за компресорска станица за хируршките сали

Распишан тендерот за компресорска станица за хируршките сали

ЧУВАРИТЕ НА РЕДОТ И МИРОТ ЌЕ ЗЕМААТ ЕВТИНИ КРЕДИТИ - еве што им соопшти Независниот синдикат на Полицијата

ЧУВАРИТЕ НА РЕДОТ И МИРОТ ЌЕ ЗЕМААТ ЕВТИНИ КРЕДИТИ - еве што им соопшти Независниот синдикат на Полицијата

„ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА РУСКА ПРОПАГАНДА И ПРОРУСКО РАСПОЛОЖЕНИЕ, МОЖЕТЕ ПОВТОРНО ДА НИ ГИ ОСВОИТЕ СРЦАТА“ - професорот Славески им напиша на своите американски пријатели

„ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА РУСКА ПРОПАГАНДА И ПРОРУСКО РАСПОЛОЖЕНИЕ, МОЖЕТЕ ПОВТОРНО ДА НИ ГИ ОСВОИТЕ СРЦАТА“ - професорот Славески им напиша на своите американски пријатели