05 Октомври, 2024
0.0326

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски за Судскиот совет вели дека нема повеќе удобни фотелји, туку одговорност

Објавено во: Македонија 05 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

МИЦКОСКИ НАЈАВУВА ОДГОВОРНОСТ

Нема повеќе удобни фотелји, туку одговорност. Премиерот Мицкоски не се откажува од темелни реформи во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Наместо да се засрамат тие продолжуваат да ги трошат народните пари и се закануваат, вели Христијан Мицкоски.

Тој ја повика фелата на разговори за подобрување на правосудниот систем за кој вели дека промени се неопходни.

Откако премиерот Христијан Мицкоски вчера кажа дека станало практика амбасадори да се мешаат во внатрешните работи на државата, евроамбасадорот Дејвид Гир потсети дека владеењето на правото е клучно за влез во Европската Унија(ЕУ). 

МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА БАРААТ ЗАШТИТА ОД АЛБАНСКАТА, НО И ОД МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА

Има проглас за семакедонско обединување против големобугарската политика во Албанија.

Некогашниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко, во името на Друштво Преспа до медиумите го испрати прогласот за семакедонско помирување и обединување во Албанија упатен до сите македонски национални друштва и политички организации, како и до партијата Македонска алијанса за европска интеграција.

Поводот е агресивната политика на Бугарија за асимилација на Македонците во Албанија и идејата за заедничко отфрлање на пописните резултати според кои бројот на Македонците е двојно намален, а е воведно бугарско малцинство кои никогаш не постоело во Албанија ниту било запишано во претходните пописи на населението.

ТАРАВАРИ ИНСИСТИРА НА НОВИ ВРАБОТУВАЊА НА ОНКОЛОГИЈА

На Клиниката за Онкологија и радиотерапија недостигаат медицински сестри, техничари, радиолози, физичари и лекари, информираше денеска миснитерот за здравство, Арбен Таравари, кој заедно со директорот на оваа Клиника, Игор Стојковски, и вработените ќе подготват специјален извештај за недостигот. Ваквиот извештај, како што рече Таравари, ќе биде разгледан следната недела на седница на Владата.

„Во следниот период јас како министер за здравство ќе инсистирам да се дозволат вработувања, да не ги преоптоваруваме вработените. И така цела Македонија гравитира само тука. Се работи за 100 лежечки пациенти и 50 што се водат амбулантски. Ни преостанува идната недела да имаме конкретни барања од Клиниката и потоа заедно со директорот и со министерката за финансии да побараме, да вршиме притисок, по секоја цена да ѝ дадеме приоритет на Онкологија за да може нормално да функционира. Ваквото функционирање и за пациентите е тешко, меѓутоа, реално, за медицинскиот кадар е претешко“, рече Таравари.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

„Никогаш парите и богатството не ми биле цел, никогаш. Прво се созададов како личност, не само од сопствениот живот, бидејќи човек е формиран и од средината во која живее, и од искуствуто што го стекнува. 

Синовите на познатиот бизнисмен и поранешен вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев - Огнен и Ангел го купија едно од најпознатите приватни друштва од Свети Николе и Овчеполието, фармата Ерџелија, која во иднина ќе биде претворена во земјоделско-енергетски комбинат и припоена кон биогасната електрана во Сарамзалино.

„Орка холдинг“ плати 343 евра на квадратен метар земјиште (парцелата е над 3.500 квадратни метри) на кое уреди паркинг простор со кој во целост ги задоволи потребите на бројните клиенти на најголемата приватна клиничка болница „Аџибадем Систина“.

Комерцијална банка сега вреди над 800 милиони евра. Односно, толку тежела најголемата македонска банка на крајот на јуни, а сега и нешто повеќе. Да, добро прочитавте, над 800 милиони евра.

Многу од овоштарите веќе можат да се пофалат со добар род на крушата. Неа ја има на пазарите и се наоѓа по цена од 50 до 60 денари за килограм.  За разлика од претходните години кога имаше штети, родот беше помал, а цената повисока, оваа сезона е подобра.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи

ШТО МИСЛИ МЕЏИТИ ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕТО НА ТАЧИ ОД ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ? Се споија за да опстанат

ШТО МИСЛИ МЕЏИТИ ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕТО НА ТАЧИ ОД ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ? Се споија за да опстанат