26 Ноември, 2024
0.0329

„СТАНАВ МИЛИОНЕР БЕЗ А1, НО ОСТАНАВ БЕЗ МИЛИОНИТЕ ПОРАДИ А1, ЦРВЕНКОВСКИ НЕ МЕ ПРЕДАДЕ“ - емотивна исповед на Рамковски, во Бизнис муабети на Фактор

Објавено во: Економија 04 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Станав милионер без А1, но останав без милионите поради А1, вели Велија Рамковски, некогаш познат и моќен бизнис магнат, кој со својата А1 успеваше да ги контролира економско-политичките текови во државата, во најновиот поткаст Бизнис муабети, кој во текот на утрешниот ден ќе се емитува на порталот Фактор.


Како од најмоќен бизнисмен и милионер стигна до затвор. откриваме во поткастот Бизнис муабети со Велија Рамковски. Зборува за А1 Телевизија, а ќе можете да ја слушнете и неговата емотивна исповед за престојот во Шутка и Идризово. Дали повторно би ја отворил А1 Телевизија, но и колку пари има денес Рамковски. Сето ова, но и многу други интересни новини ќе можете да слушнете во утрешното издание во Бизнис муабети, само на Фактор, со познатиот водител Мишко Иванов.

Откриваме уште еден интересен детал од разговорот.

Мишко Иванов ударно му поставува едно интересно прашање.

Кој го предаде Велија Рамковски?

А гостинот како од пушка одговара - Никој.

Иванов вели - Не може никој. 

А Рамковски повторува - Никој, апсолутно никој. 

Иванов вели Бранко Црвенковски ќе ве ставаше премиер, на Никола Груевски му го правевте буџетот...

Велија вели:

„Јас и Бранко Црвенковски, секогаш бевме, уште во 2002 година, пред избори, секогаш со него преговарав да го намали буџетот. Се сеќавате на онаа негова парола - На 15 септември....“, вели Рамковски.


Рамковски не одговара на прашањето дали комуницира со неговиот син Хеди, и вели дека уште 5 пати да биде прашан, нема да одговори.

На прашањето дали му недостасува, тој вели - „Трагедијата на семејството Рамковски уште трае. Страшна е. Лично јас се разликувам од целата моја фамилија, но ја немаат сите таа „лудост“. И мене ми е жал, не сум виновен, а сум виновен за целата моја фамилија. И сите ги имам ставено на мака. И мене ми е многу жал за моето семејство, за жената за децата. Ми е жал за сите соработници кои беа во затвор. Но јас сакам пак да го живеам животот, пак да станам и пак да се борам за она што сметам дека треба, и да го направам денот да ми биде убав. 

Но, доста ви беше за оваа тема, би ве замолил...

Тоа е многу тешко и не му го посакувам на никого. Мене да ме затвореше, разбирливо е. Јас тргнав да го рушам, нека ме сруши мене (мисли на Груевски -н.з.). Но, зошто децата, зошто семејството, зошто другите соработници. Зошто и сите вас да ве остави без работа (мисли на поранешните новинари на А1 телевизија - н.з.). Мене не ми е лошо, ни во затвор не ми беше лошо...“, вели Рамковски. 


Целиот поткаст гледајте го утре.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути