05 Декември, 2025
0.1754

ЈСП со нови правила за билетите, доколку немате контролор ќе ви го продаде за 200 денари

Објавено во: Мои пари 05 Јуни, 2013 14:38

Добивај вести на Viber

Патникот без билет во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие-Скопје ќе може да го купи кај контролорот по цена од 200 денари за градските линии, односно за 300 денари ако се вози на некоја од приградските линии. Тоа е новина што ЈСП ја воведува за да ја подобри наплатата од јавниот превоз во нивните автобуси.

Директорот на ЈСП Мишо Николов на прес-конференција појасни дека доколку патникот не може да го плати билетот кога ќе биде затечен од контролата, ќе му се изготви сметка и записник за констатираната состојба на самото место со задолжение да го плати долгот за осум дена.

- Доколку патникот не ги уплати средствата во рок од осум дена, ЈСП врз основа на записникот и со доказите ќе поднесе барање за прекршочна постапка до Комисијата при Министерството за транспорт и врски. Комисијата може да го казни патникот доколку докажеме, а глобата ќе изнесува 50 евра, рече Николов.

Контролорите на ЈСП, кои добија и нови беџови, ќе имаат право да повикаат полиција за асистенција ако некој патник не сака да ги даде личните податоци.

Новата процедура за наплата во рок од осум дена се спроведува од понеделникот и за три дена контролорите затекле 46 патници без билет во автобусите на ЈСП.

Во одговор на новинарско прашање, Николов рече дека плаќањето билет важи за сите граѓани, вклучително и за припадници на полицијата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј