ЈСП за Фактор: Нема поголеми отстапување од возниот ред, патниците да користат маски и ракавици
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Март, 2020 14:55
Јавното сообраќајно претпријатие во услови на рестриктивни мерки за движење на граѓаните го промени возниот ред согласно препораките на Владата, но дел од патниците се пожалија дека во утринските часови поради намалениот број на автобуси кои сообраќаат по саботен возен ред се создаваат гужви, а со тоа и зголемен ризик од ширење на заразата со корона вирусот. За условите во кои се одвиваа градскиот превоз во Скопје, како и за тоа кои мерки ги презема ЈСП разговаравме со Деспина Трајковска Димова, портпарол на јавното претпријатие. Таа вели дека постојано се следи ситуацијата на терен, возачите на автобусите имаат препораки штом се исполни капацитетот на патници да не примаат нови, а дека во утринските часови ќе се зголеми бројот на автобуси за да се одговори на потребите на граѓаните на одредени линии каде има најголем обем на патници.
Фактор: Како се организира возниот ред на ЈСП при воведените посебни мерки и препораки на Владата за спречување на ширење на заразата со корона вирусот. Дали во утринските и попладневните часови кога има најголем број на патници на кои им е непходен јавен превоз, има големи гужви со оглед на редицираните автобуси, а со тоа и зголемена опасност од ширење на вирусот?
ЈСП Скопје не одлучува самостојно за начинот како да се организира јавниот превоз во актуелнава ситуација, односно превозот функционира согласно одлуките и препораките на надлежните институции во борбата за превенција од ширење на коронавирусот. Постојано се следи ситуацијата на терен, во координација сме со другите институции кои одлучуваат за препораките/мерките како да се реагира во новонастаната ситуација. Од денес, вторник (24.03.2020 год), на линиите 2, 5, 11, 22, 57, 61, 62, 63 и 67, во утринските часови ќе сообраќаат зголемен број на возила, со цел да се избегнат гужвите кои беа регистрирани утринава во фрекфентните часови.
Фактор: Како постапува контролата на ЈСП, дали планирате да ангажирате поголем број на контролори на линиите за да воспостават ред при качување и исполнување на максималниот предвиден капацитет на патници во автобусите?
Контролорите тековно ја вршат својата работа, контрола на билети, во актуелнава ситуација со намален број на ангажирани лица.
Фактор: Дали и како се спроведува целосната забрана за влез на патници кои не носат заштитни маски и ракавици?
ЈСП Скопје единствено може да апелира на рационално користење на превозот, и на совесно однесување до корисниците на јавниот превоз во актуелнава ситуација, да носат заштитни маски и ракавици и слично. Нема ингеренции да забранува користење на јавен превоз на било кој граѓанин. Во меѓувреме, возачите имаат добиено препорака, во возилото да одржуваат максимален број на патници до 30 лица, односно доколку проценат да во даден момент има повеќе, не застануваат на станица, се додека во возилото нема оптимален број на патници.
Фактор: Дел од граѓаните се пожалија на доцнење на одредени линии на автобуси по воведувањето на полицискиот час, особено за последните автобуси во денот, па поради тоа се создале дополнителни гужви. Имате ли увид во овие поплаки на граѓаните и што преземате?
Соодветната служба нема регистрирано поголеми отстапки при реализацијата на утврдениот возен. Има инциденти ситуации, со отстапки во разумен интервал до 5 мин.
Фактор: Во период на карантин и изолација намален е и капацитетот на отворени билетарници кои имаат и скратено работно време. Дали се размислува за онлајн дополнување на билети, како за дневни и повеќекратни билети, така и за месечните карти?
Сметаме дека бројот на достапни билетарници и центри на персонализација за купување на услугите на ЈСП Скопје е доволен, имајќи го во предвид значително намалениот број на корисници на јавниот превоз за што доказ се секојдневните статистики на број на валидации. Потсетуваме, дека услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто маркети и трафики дел од секундарната продажна мрежа (прегледот на локации е достапен на фејсбук страната на ЈСП Скопје https://www.facebook.com/jspskopjee/ ), чие работно време зависи од одлуката на сопствениците на субјектите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски





