28 Септември, 2024
0.0248

Јуанот поевтини - падна на осумгодишно дно

Објавено во: Економија 16 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Jуанот падна до осумгодишно дно, откако банките ги намалија своите предвидувања за девизниот курс. 

Валутата поевтини до 6.8729 во однос на доларот, и го запиша најслабото ниво од декември 2008 година досега, пишува Bloomberg.

Ова се случува во позадина на загриженоста од евентуалното зголемување на каматната стапка од Федералните резерви, како и стравувањата дека потегот ќе го забрза одливот на капитал.

Американската валута продолжува со четиридневното зголемување по победата на Доналд Трамп на претседателски избори во САД. Републиканецот вети дека ќе ја етикетира Кина како „монетарен манипулатор“ и ќе воведе тарифи врз извозот на нацијата.

И Standard Chartered ги намали своите предвидувања за јуанот. Со тоа банката прогнозира дека валутата ќе ја заврши оваа година на 6.9 за долар.

Валутата се тргуваше на офшор пазар во Хонг Конг за 0,17% помалку до рекордно ниско ниво во однос на доларот.

Јуанот падна за 0,2% до 6,8704 за долар, по време на трговијата во Шангај кон 18 часот по локално време, земајќи го во предвид петдневниот пад од 1,3%. 

Кинеската централна банка во мај годинава го девалвираше курсот на јуанот во однос на американскиот долар, спуштајќи ја неговата вредност на најниско ниво за повеќе од пет години.



Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија