16 Мај, 2024
0.1539

Југославија заминува во историјата – добредојде за Дунавска капија!

Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

На местото на хотелот “Југославија” во Земун за две години ќе започне изградбата на ексклузивниот станбено деловен објект “Дунавска капија”, пишува весникот "24 сата". Хотелот ќе стане дел од еден од најлуксузните хотелски брендови на светот "Кемпински“, а покрај хотелот ќе никне и ексклузивен трговски центар и две кули високи по 133 метри. Рајан Рајчиќ, директор на компанијата "Ril holding“, која управува со реконструкцијата на некогаш престижниот хотел вели дека вредноста на проектот е 277 милиони евра. "Главната хотелска зграда ќе биде реконструирана од темел, но ќе остане со истиот габарит бидејки се вклопува со новите објекти. На тоа место ќе никне ексклузивен хотел со 260 соби, трговски центар но и 33 спрата станбен простор", вели Рајчиќ. Тој додава дека новиот трговски центар ќе биде едининствениот во Србија во кој ќе се нудат луксузни брендови. "Планот е во рамки на една од кулите да биде сместен шопинг мол кој ќе продава само висока горна зона на брендови, поточно во него ќе се продаваат сите оние марки поради кои луѓето патуваат надвор од земјата за да ги купат. Овој трговски центар нема да им биде конкуренција на веќе постоечките, напротив ќе биде единствено место во кое ќе се продаваат луксузни марки",објаснува Рајчиќ. Кулите високи 133 метри ќе се наоѓаат од северната и јужната страна на хотелот. На пониските спратови во една од кулите ќе бидат сместени деловните простории, додека во повиските ќе бидат станбените, како и луксузниот бренд "Кемпински“. Во другата кула ќе има само деловни простории. Планот за изградба на "Дунавската капија“ е во фаза на собирање дозволи и очекува дозвола за изградба. "Ништо од ова не е конечно и може да претрпи прилагодување. Вака големи објекти мораат да бидат на увид на јавноста и на јавни конкурси за архитектонско решение. А се радуваме поради тоа бидејки можеби некој има уште подобра идеја која нам не ни паднала на памет", рекол Рајчиќ. “Ако планот биде усвоен, ние сме подготвени да започнеме со работа уште во 2016 година, а првите гости во хотелот би можеле да бидат примени веќе во 2019 година. Единствен проблем е што од 1974 година во Белгерад не е градено ништо што е толку високо колку што ќе бидат овие кули. Поради тоа луѓето се плашат да потпишат за да отпочнеме со градба, бидејки се е ригороно законски одредено”, вели тој. Рајчиќ додава дека граѓаните немаат причина да бидат загрижени за тоа дека овој голем комплекс ќе го промени сообраѓајот, дека ќе ја загади околината или било што слично. "Водевме сметка за да покриеме дури 30% од површината со зеленило. Пред се, на дури 80,000 квадрати ќе направиме подземен паркинг за да сообраќајот и животот во тој дел на градот да продолжи да се одвива нормално", заклучува Рајчиќ . K.K.

Можеби ќе ве интересира

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот