19 Мај, 2024
0.0262

Јункер бесен на Ципрас: Трошењето на енергија и време, преставува циркус

Објавено во: Балкан 03 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Циркус, катастрофа, безумие, идеологија. Овие зборови на адреса на Алексис Ципрас ги употребил претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер на затворената седница на парламентарната група на Европската народна партија. За зборовите на Јункер раскажува весникот „Билд“, кој беше присутен на седницата.

Според изворот Јункер бил бесен од однесувањето на Ципрас. „Бевме многу блиску до договор. Двете страни не беа договорени само за 60 милиони евра. И токму тогаш Атина ги прекина преговорите. Катастрофа после толку преговори! Трошењето на енергија и време, и тоа од идеолошки причини. Тоа е целосно неприфатливо “,рекол Јункер.

Тој споделил дека имал вкупно 30 часа разговори со Ципрас. Му предложил и инвестиционен фонд во износ од 35 милијарди евра. „Бевме подготвени да исплатиме додатни 1 милијарда евра“, изјавил шефот на ЕК. Ципрас сепак не го прифатил и тоа само поради идеолошки причини. Од истите мотиви биле прекинати и преговорите, а не затоа што имало разлика од „ставови“ меѓу предлозите на доверителите и Атина. Европската унија сепак не е создадена за да ги прифаќа „лудите предлози на Атина“, смета Јункер.

Ципрас пристигнал на преговорите во Брисел со цела група од 60 лица. Секогаш кога некој од нив ги сметал предлозите на ЕК за прифатливи, тој се повлекувал од преговорите. Потоа се појавувале други преговарачи од грчка страна. „Беше вистински циркус“, негодуваше Јункер пред европратениците. Според него доверителите никогаш не настојувале за намалување на пензиите и платите, како што тврдел Ципрас во Грција. „Никогаш нема да добијам Нобелова награда за економија. Би заслужил сепак награда за трпение“, изјавил Јункер.

Тој предупредил експлицитно за драматични настани во Грција следната недела по референдумот во недела. „Ние сме подготвени. Но одговорот на хуманитарната криза ќе е поскап од програмите“, сметал шефот на ЕК. Оваа го изјавил и на последниот самит на екстремистите меѓу владите на земјите од Еврогрупата. Запрашан какво ќе биде однесувањето на Европската комисија во понеделникот по денот на референдумот, тој сакал само да рече: „Во главата имам сценарио, но ќе го откријам пред светот во понеделникот наутро“.

Истовремено германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјавил синоќа јавно изнервиран: „Последната недела одев 4 пати до Брисел и се враќав. Грција треба прво да поднесе јасност што воопшто сака. Дури тогаш ќе треба да се разговара и тоа во многу тешки предуслови. Ситуацијата драматично ќе се влоши“, изјавил Шојбле.

Од страниците на весникот „Ди Велт“, германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер ја обвинил грчката влада дека го земат сопствениот народ за заложник, за да се притиснат уште концесии од Европа. Атина треба да ја преземе одговорноста за судбината на грчкиот народ и повеќе да не негуваат илузии.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс