19 Мај, 2024
0.0296

Јункер: Не сакаме Грција да биде исфрлена од еврозоната

Објавено во: Балкан 07 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Исфрлање на Грција од еврозоната и ЕУ не е нешто што го сакаме или би сакале. Тоа го изјави пред Европскиот парламент во Стразбур претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, цитиран од агенциите.

Тој посочи дека не очекува на седницата на држави и влади и на министрите за финансии од еврозоната вечерва во Брисел да биде најдено решение.

Според моето искуство поедноставените одговори и решенија се погрешни. Нема лесни решенија пред Европа, таа работи со компромиси, во таа насока ќе продолжи со својата работа и Комисијата. Решението нема да биде најдено веднаш. Ако денес постигнеме решение, тоа ќе биде премногу поедноставено решение, коментира Јункер.

Верувам дека заминувањето на Грција треба да биде избегнато, против тоа сум. Некои во ЕУ прават кампања за излегување на Грција од еврозоната. ЕК ќе работи за продолжување на преговорите со Грција. Каква ЕУ ќе бидеме ако престанеме да зборуваме меѓу себе?

Грчката делегација допушти голема грешка со заминувањето на нерешени преговори. Време е повторно да се собереме околу преговарачката маса, истакна претседателот на комисијата.

Потребно ни е враќање на редот. Време е да престанеме со нападите. Неприфатливо е ЕК да биде нарекувана "терорист" од грчката влада, не го заслужуваме тоа. Треба да се направи можното, во разумни рокови да биде постигнато решение, додаде Јункер.

Тој ги нарече Грците "голема нација", но додаде дека не разбира за што точно гласале на референдумот во неделата, бидејќи произнесувајќи се по предлог на доверителите чија помош е истечена .

Треба да се направи се што е можно да им се помогне на грчките граѓани, но да не заборавиме дека во ЕУ има земји со понизок животен стандард од Грција и со пониско минимално плаќање од нивното, дополни Јункер за време на дискусијата во Стразбур .

Тој беше категоричен уште дека секоја недела комуницира со обични грчки државјани и знае за нивните проблеми од прва рака.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс