Добивај вести на Viber
Поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер, при официјалните и неофицијалните посети на Њујорк, престојувал во хотелот Палас, еден од најлуксузните во светот, во кој едно ноќевање чини и до 25 илјади долари, пишува загребски Јутарњи лист, повикувајќи се на податоци на тајна истрага на американски ФБИ.
ФБИ утврдиле дека Санадер во Палас престојувал повеќе пати и секогаш уживал како султан. Податоците за неговиот престој ги побарал УСКОК, а од ФБИ се добиени по пат на Меѓународна правна помош.
Санадер ги обожавал можностите на хотелот и лукузот. Таму престојувал приватно, со служебни делегации, понекогаш сам или со сопругата и ќерката која се обидувала да направи актерска кариера.
Јутарњи наведува дека Палас бил втор дом на светските ѕвезди како Мајкл Џексон и Витни Хјустон, и дека во него е снимен добар дел од првата сезона на „Озборувачка“.