Добивај вести на Viber
Владата тврди Македонија ќе биде дел од Јужен поток, но не се знае точно кога. Сепак едно е јасно Македонија нема да биде транзитна земја, но ќе има крак од каде ќе тече природен гас до нашата земја.
„Со сигурност Македонија ќе биде дел од
„Јужен поток“ и тоа е голем успех за
Македонија, а за идните генерации ќе донесе стабилна и сигурна испорака на гас за стопанството и цената на гасот што ќе се плаќа“, изјави министерот за финансии
Зоран Ставрески. Министерот засега нема прецизен одговор дали приклучокот на кој се надева владата ќе биде нов или ке се користи постоечкиот гасовод од Бугарија.
„Македонија ке биде приклучена
со крак. Се размислува што е најекономично да се изведе, паралелен со постоечкиот, дали тој ќе се проширува или ќе се прави преку Србија, тоа е работа на експертите кои треба да ја финализираат одлуката“, дополни Ставрески.
Има ли договор со Русија
Никој од надлежните во земјава нема одговор за тоа кога земјата ќе стане дел од „Јужен поток“, па макар тоа било и со крак. Се добива впечаток дека Македонија лесно може да извиси и од овој мега гасоводен проект вреден 16 милијарди евра. Иако владата од Русија добила предлог договор, никој ништо не кажува, ниту кога тој ке биде конечно потпишан.
„Во разговорите со „Газпром“ дадовме податоци кои се потенцијалните стопански и енергетски капациетети, проекти кои ќе се градат, но и за приклучување на стопанството и граѓаните преку дистрибутивната мрежа“, изјави Ставрески.
„Газпром“ за ТВ 24 Вести: Се разгледува соработка во рамки на проектот
Рускиот енергетски гигант „Газпром“ во својот писмен одговор до Телевизија 24 Вести потврди дека проектот
„Јужен поток“ не ја разгледува можноста за да ја вклучи Македонија како транзитна земја.
„Како и да е, се разгледува соработката во рамките на проектот. Во моментов се подготвува меѓувладин договор. Претходно, во текот на април 2012, беше отворен тендер за избирање на компанија контрактор за изведба на физибилити студија за снабдување на Македонија со руски гас преку Јужен поток. Тендерот го доби „Giprospetsgaz“, одговара руски „Газпром“ на прашањето дали и како Македонија ќе биде вклучена во овој гасоводен проект.
А зошто
Македонија не успеа да биде
транзитна земја низ која ќе поминува Јужен поток.
„Тоа е прашање за кое пред се одлучуваат инвеститорите односно Газпром и тие го конципираат коридорот врз основа на најекономичното решение за ниов за да се однесе гасот до европа и тоа што го избрале како решение е нивно решение на кое што ние не можеме да влијаеме. Она што можевме да направиме е да не дзволиме Македонија да остане надвор од овој проект и тоа го направивме“, потенцираше Ставрески.
Гасот од „Јужен поток“ до европските потрошувачи ќе тече од 2015 година
Изградбата на „Јужен поток“ за Русија е приоритет, а за Европа неопходност, бидејќи носи енергетска безбедност, ова го порачаа од „Газпром“. Почетокот на изградбата е закажана за
7 декември. Од „Газпром“ ветуваат дека гасот од „Јужен поток“ ќе стигне до европските потрошувачи од 2015 година.
„Гасоводот „Јужен поток“ со капацитет од 63 милијарди кубни метри годишно ќе има доволно гас за да обезбеди греење, топла вода и снабдување со струја за околу 30 милиони домаќинства во Европа“, вели Себастијан Сас од компанијата „Јужен поток транспорт“.
Рускиот гигант уверува дека заедно со акционерите од Италија, Франција и Германија се обезбедени финасии за овој проект вреден 16 милијарди евра.
Србија со нетрпение го очекува старот на изградбата
Само од изградбата на српскиот дел, во Србија се очекува да се вработат 2000 луѓе, а само од транзитната такса годишно земјата ќе заработува 200 милиони евра. Србија дефинитвно игра важна улога на гасната мапа во Европа.
Од самиот старт оваа
инвестиција се третира
политички. На многу земји сега не им е сеедно што главната траса ги заобиколува.
Хрватска пропушти голема шанса, а тамошните новинари сега јавно коментираат.
„Ова е последица на некои лоши политички одлуки уште од 2007 година, а потоа и од 2010 година. Ова сега е само конечен резултат на таквата политика. Факт е дека постои план за изградба гасна конекција во Србија и тој наверојатно ќе се гради. Во интерес на Хрватска е да има интерконекција со земјите од опкружувањето“, пишува новинарот на хрватски „Вечерни лист“, Марко Биочин.
И Словенија потпиша договор со „Газпром“
Директорот на „Газпром“,
Алексеј Милер, и генералниот директор на словенечката компанија „Плиноводи“,
Марјан Ебарлинц, денеска во присуство на рускиот премиер Дмитриј Медведев и словенечкиот премиер Јанез Јанша го потпишаа договорот за изградба на дел од гасоводот “Јужен поток“ низ Словенија.
Рускиот гас преку Бугарија, Србија и Унгарија ќе стигне до Словенија, од каде што ќе се пренесува во Италија.
За Фактор
Мишко Иванов, новинар во 24 Вести ТВ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: