17 Јануари, 2025
0.0367

Јужен тек поддржан од сите земји учеснички во проектот!

Објавено во: Македонија 06 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Представници од сите земји низ кои гасоводот Јужен тек треба да помине, и покрај споровите од страна на ЕУ, ја поддржаа изградбата на тој гасовод, порачувајќи дека е од значајна економски и животен интерес за тие земји тој гасовод да се изгради.

Поддршка на Јужен тек оваа недела му дадоа Унгарија, Бугарија, Србија и Италија, а претходно јасна посветеност на спроведувањето на гасоводот, кој треба да обезбеди децениска безбедноста на снабдувањето со гас во Југоисточна Европа, изразија и Австрија и Словенија.

Изградбата на гасоводот Јужен тек, кој, како што е оценето од страна на експерти и претставници на земјите-учеснички во проектот од огромно економско значење за нив, тоа ќе биде како што беше најавено од страна на српскиот премиер Александар Вучиќ и една од темите на разговори за време на неговата посета на Москва, на 7 и 8 јули , со претседателот и премиерот на Русија Владимир Путин и Дмитриј Медведев.

И покрај обидите да се спротивстават на проектот од Европската унија, особено откако привремениот престанок на работата на проектот Јужен тек преку Бугарија, под притисок од Брисел и  после изјавата на претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, Европската комисија рекла дека сите потпишани меѓувладини договори меѓу Русија и седумте земји кои се вклучени во „Јужен тек“ се во спротивност со законите на ЕУпоради што за нив треба повторно да се преговара, претставници на Унгарија, Бугарија и Србија, истакнаа дека заеднички интерес на тие земји е  проектот да се имплементира.

Поддршка на Јужен тек оваа недела даде премиерот на Унгарија Виктор Орбан, кој рече дека земјата ќе продолжи да работи на нафтоводот, а ако некој сака да го стопира проектот, мора да предложи алтернатива.

„Во Унгарија ќе се изгради Јужен тек, бидејќи со тоа ја подобрува сигурноста во снабдувањето со енергетика и нема да им биде дозволено ситуацијата во Унгарија да зависи од состојбата во Украина“, рече Орбан, истакнувајќи дека оние кои не сакаат да се изгради Јужен тек треба да каже како да се дојде до енергент“.

Српските и бугарските министри за надворешни работи, Ивица Дачиќ, и Кристијан Вигенин после средбата во Белград, изјавија дека изградбата на Јужен тек е од животни интереси за двете земји, при што Дачиќ истакна дека тоа е првенствено прашање на енергетската безбедност и стабилност, а не однос со Русија.

Рим, исто така, ја поддржува изградбата на гасоводот Јужен тек, соопшти пред два дена италијанскиот амбасадор во Русија Чезаре Марија Рагалини, кој ја истакна желбата на неговата земја да продолжи со дијалогот меѓу Русија и Европската комисија и земјите кои се директно заинтересирани за изградба на нафтоводот. Сето ова, се разбира, мора да биде во согласност со европското законодавство, што, според верувањето на Рагалини може да се најде соодветно решение.

Претставници на италијанската влада постојано тврдат дека даваат широка поддршка на проектот Јужен тек, имајќи го предвид неговиот значај за диферсификација на правецот за снабдување на гас, како и поради индустриско и технолошко учество на Италија во проектот, рече амбасадорот. Поддршката на Италија за овој проект е разбирливо со оглед на тоа дека, освен што италијанската енергетска компанија ЕНИ меѓу првите се приклучи на рускиот Газпром како инвеститор во изградбата на гасоводот со 20 проценти удел, предвидено е крајната точка на нафтоводот да биде во италијанскиот град Тревизо, каде ќе биде изградена мерна станица за гас. Другиот член на ЕУ - Австрија, и покрај отпорот од страна на Европската комисија, кој бара ревизија на сите договори за Јужен тек, кои Русија ги потпиша со земјите-учеснички, се приклучи кон крајот на мај на Јужен тек, а австрискиот претседател Хајнц Фишер изјави дека нафтоводот е важен за диферзификација на снабдувањето на Европа со гас, додека  неодамна премиерката на Словенија јасно порача дека Јужен тек ќе биде изграден и треба да се изгради. Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС) Жељко Сертиќ очекува наскоро да започне спроведувањето на Јужен тек во Србија, како што е планирано. Тој изјави дека е убеден дека, во интерес на ЕУ и нејзините потреби за гас, како и поради интересите на Русија да извезува гасза нашите регионални интереси, проектот ќе биде лансиран наскоро и дека Србија наскоро ќе започне со реализација на сите планирани активности на јужен тек.

Гаспром соопшти дека „Saut strim transport“ почнува да подготвува градилиште во регионот на Анапа, ги уредува пристапни патишта, дозволите за градежни машини, опрема, материјали, и преземаат мерки за заштита на ретки видови на животни и растенија. Официјалниот почеток на изградбата на гасоводот Јужен тек, кој треба да започне да испорачува првите количини на гас кон крајот на 2015 година започна на 7 декември 2012 година во рускиот град Анапа на брегот на Црното Море.

Гасоводот Јужен тек е нафтовод за транспорт на руски гас под Црното Море преку Бугарија, Србија, Унгарија, Словенија и Австрија, па до потрошувачите во Централна Европа.

И.Р.

Можеби ќе ве интересира

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати

Мисајловски: Ќе се обидеме барањето на Трамп да го сведеме на 3 отсто од БДП

Мисајловски: Ќе се обидеме барањето на Трамп да го сведеме на 3 отсто од БДП

ПОЧИНАА БЛИЗНАЧИЊА СТАРИ САМО 20 ДЕНА: Трагедија во прилепско Славеј

ПОЧИНАА БЛИЗНАЧИЊА СТАРИ САМО 20 ДЕНА: Трагедија во прилепско Славеј

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 10 ЛИЦА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, МЕЃУ НИВ И ПОЛИЦАЈЦИ - тројца го признале делото

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 10 ЛИЦА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, МЕЃУ НИВ И ПОЛИЦАЈЦИ - тројца го признале делото

Тошковски објасни зошто се испишманил МВР за личните карти: Претходните не го промениле Законот

Тошковски објасни зошто се испишманил МВР за личните карти: Претходните не го промениле Законот

ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ДЕТСКА КЛИНИКА: Ќе се чешла случајот со починатото деветгодишно дете

ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ДЕТСКА КЛИНИКА: Ќе се чешла случајот со починатото деветгодишно дете