ЈУЖНА КОРЕЈА СЕ ПЛАШИ: Ќе бидат ли истрелани нови ракети викендов?
Објавено во: Свет 08 Септември, 2017
Јужна Кореја се плаши од Северна Кореја и од можноста викендов да има нови проби.
Земјата внимателно ги следи активностите на Пјонгјанг. Се сомневаат дека Севернокорејците би можеле повторно да истрелаат интерконтинентални балистички ракети и тоа в недела, за време на прославата на Денот на државноста на Северна Кореја.
Портпаролот на Министерството за обединување во Сеул, Еуген Ли изјави дека Северна Кореја би можела повторно да тестира нуклеарни проектили овој викенд или поточно на 10 септември, на Денот на државноста на земјата.
Северна Кореја со шестата и воедно најсилна нуклеарна проба ги зголеми тензиите и стравот во светот, а Јужнокорејците се повеќе се сомневаат дека поради тоа може да има војна, покажуваат резултатите на анкетата на „Галуп Кореја“.
Според истражувањето, 58% од испитаниците изјавиле дека нема можност Северна Кореја да почне војна, додека 37% изјавиле дека би можело тоа да се случи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.