Добивај вести на Viber
Земјоделците, преработувачите и трговците, наскоро сите информации за цените на домашните и странските пазари, за понудата и побарувачкта, ќе им бидат достапни со воведувањето на земјоделската интернет база. Владата на последната седница донела одлука да се почне со надградба, засилување на капацитетите и модернизација на Пазарниот информативен систем. На овој начин сите засегнати страни во земјоделското производство ќе имаат точни информации за состојбите на донмашните и странските пазари, а тоа ќе им помогне во планирањето на идното производство и плановите за пласман на производите на определени пазари каде би се постигнале повисоки цени, но и засилување на соработката меѓу засегнатите страни и пазарно поврзување.
- Овој систем веќе е во функција, постои преку веб страницата
www.zpis.gov.mk пазарните податоци се собираат од репрезентативни пазари за определени земјоделски производи и од страна на деловните субјекти според количината и цените за соодветните производи. Сега се оди чекор напред и со новите надградби овој систем ќе започне да функционира како Македонската земјоделска информатичко-електронска берза што е силен исчекор на полето на пазарното функционирање на земјоделството, и во идниот период ќе е од помош во насока на воведувањето на класичната Берза на земјоделски производи, како организиран пазар на тргување, изјави владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е должно да го надгради Пазарниот информативен систем преку групи на податоци кои ќе се од значење за определувањето на цените на производите, информации за примарните производители, преработувачи и трговци за навремено да добиваат податоци врз основа на кои ќе може да остварат свои права и интереси, и да остварат пазарна соработка. Овие групи од податоци ќе содржат преглед на движење на цените и тргуваните количини на домашниот пазар, движење на цените и тргуваните количини на странските пазари на кои производите се пласираат или од кои се увезуваат и неколкумесечни предвидувања за понудата и побарувачката на дефинираните производи на светските пазари врз основа на анализи на релевантни светски институции и организации. Н аовој начин точно ќе се знае кои производи се барани во моментот или во идниот период, а земјоделците ќе знаат кон кое производство да се насочат. Системот ќе обезбеди инфомрации за преработувачите и трговците во однос на промена на легислативата, институциите и меѓудржавни договори за трговска соработка, и други политики на државата кои имаат влијание на пазарот, особено во делот на квалитетот и безбедноста на храната, новости и промоција на мерките на поддршка на државата за подобрување на пазарните односи и објавување на понуди и барања за купување и продажба на земјоделски производи од земјоделски производители и претпријатија заради помагање на пазарните контакти. Предвидено е македонскиот пазарен информативен систем да се поврзе со германската база на земјоделски и пазарни информации, со што се очекува поголем извоз, и заштита од вишок на производство и ниски цени.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: