Ќе се отвори филијала на Халкбанк во Кичево
Објавено во: Мои пари 24 Јануари, 2013 18:53
Денеска во посета Регионалната комора во Кичево и слободните економски зони во општината пристигнаа трговскиот атеше на Турција во Македонија Шенол Туркилмаз и директорот на Халкбанк за Македонија, Туркан Адеми.
Тие се сретнаа со претседателот на Комората Игор Соколески и со градоначалниците на Кичево и Осломеј, по што ја посетија и општина Пласница за да видат со какви природните ресурси располага овој регион. Притоа директорот на Халкбанк најави дека банката наскоро ќе отвори филијала во Кичево, а градоначалниците изразија надеж дека ќе влезат турските инвестиции, што ќе овозможи отворање нови работни места и ќе се создаде перспектива за младите од овој регион.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker





