07 Октомври, 2024
0.0256

К15: Ќе се договорат ли работниците и работодавачите?

Објавено во: Економија 09 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Исплатата на регресот за годишен одмор К15 најверојатно нема да се укине. Разговорите помеѓу Организацијата на работодавачи и Сојузот на синдикатите ќе продолжат со цел да се утврдат модалитетите, начинот и висината за исплата на регрес за годишен одмор. Општиот колективен договор во кој е утврдена исплатата на регресот К15 е потпишан помеѓу ССМ и Организацијата на работодавачи, затоа и преговорите за К-15 односно регресот се исклучиво одговорност на ОРМ но и на пошироката деловна заедница, вели Миле Бошков, претседател на Бизнис Конфедерацијата на Македонија. Фактор: Исплатата на регресот за годишен одмор К15 почна од лани, а веќе годинава бизнис секторот бара промена на моделот за исплата или целосно укинување на обврската, кои се аргументите на работодавачите? Бошков: На преговорите помеѓу ССМ и Организацијата на работодавачи,  Бизнис Конфедерацијата на Македонија не присуствуваше, бидејќи преговорите за Општиот колективен договор е потпишан помеѓу Организацијата на работодавачи и Сојузот на Синдикати на Македонија, оттука произлегува и ставот на Бизнис конфедерација на Македонија дека преговорите за К-15 односно регресот се исклучиво одговорност на ОРМ но и на пошироката деловна заедница. Основно во трудовата легислатива е слободното право на работодавачите и работниците да се договараат за износот на надоместокот за плати и социјални придонеси. Но во Македонија овие принципи делумно се почитуваат и спроведуваат , но најважно за нас е дека износот на регресот е 40% од просечната месечна плата во Македонија, што значи дека во некои гранки, компании регресот изнесува повеќе од самата утврдена минимална плата. Фактор: Кој модел е прифатлив за вас како Бизнис конфедерација? Бошков: За БКМ најприфатлив модел е слободата на работниците и работодавачите да се договорат за исплата на регрес, награда, мотивациски надоместоци и друго. На тој начин би се зголемила и улогата на самиот синдикат, работнички совет или претставникот на работниците во компаниите. Фактор: Очекувате ли да се најде  заеднички модел од кој би биле задоволни и работниците и работодавачите? Бошков: Ние многупати сме разговарале на оваа тема со синдикатот, секако дека може да се најде најдобро решение, најважна е флексибилноста и долгорочното партнерство со претставниците на работниците. Фактор: Како исплтата на регресот влијае врз финансиската кондиција на компаниите? Бошков: За фирмите секој дополнителен трошок е зголемен притисок и товар, се потешкиот пристап до финансии е дополнителна потешкотија за компанијата. Најголемата одговорност за овој штетен за стопанството  Општ колективен договор е Организацијата на Работодавачи и нивниот Управен Одбор.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип