07 Октомври, 2024
0.0239

К15 МОРА ДА ОСТАНЕ: Да не дозволиме капитулација пред Владата и бизнисмените!

Објавено во: Економија 10 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Организацијата на работодавачи и Сојузот на синдикати во понеделник ќе ги продолжат преговорите за исплата на регресот за годишен одмор К15. На последниот состанок немаше конкретен договор, но двете страни имале различни ставови за начинот  и висината на регресот. Според Организацијата на работодавачи исплатат на регресот треба да се утрдува во     Колективните договори по гранки, а во гранките каде што нема потпишани колективни договори, регресот за годишен одмор да се утврдува на ниво на компанија, за што не се согласува ССМ. Засега е неизвесно дали двете страни ќе најдат заеднички модел. Од друга страна членовите на Синдикатот на работниците од Управта, Правосудните органи и Здруженијата на граѓани на Република македонија (УПОЗ), велат дека и јавниот сектор треба да го потпише Општиот колективен договор за исплата на регресот К15, за да биде во рамноправна положба  со приватниот сектор. Првично бизнис секторот побара укинување на исплатата на регресот или изнаоѓање на други модели за исплата на К15. Дел од граѓанските здруженија остро реагираа на предлогот за укинување на исплатата  на регресот К15. Ова е уште еден начин за кратење на работничките права, а познато ни е дека работодавачите секогаш се трудат да заштедат на трошоците за производство, па така барањето да се укине К-15 е во таа насока, вели Дејан Лутовски од Движењето за социјална правда “Ленка”, кое е потписник на Синдикалната повелба. Фактор: Дали сегашниот модел на исплата на регресот за годишен одмор треба да се промени, со оглед на тоа дека работодавачите првично побраа укинување па потоа се согласија и со изнаоѓање на други модели? Лутовски: Ова е уште еден начин за кратење на работничките права. Познато ни е дека работодавачите секогаш се трудат да заштедат на трошоците за производство, па така барањето да се укине К-15 е во таа насока. Дури и кога исплатата беше задолжителна, сепак во пракса постоеа многу индикации за злоупотреби од страна на работодавачите.К15 во минатото (до 90титте години) беше еден нормален дел од стандардот на работниците. Потоа, со економската и идеолошка офанзива на неолиберализмот, ова стана „непотребно“ и често се атакуваше на наводната „мрзеливост и непродуктивност“ на работниците и потребата од создавање на „поволна бизнис клима“ за претприемачите. Секое дури и најмало поместување кое оди во корист на работодавачие, а на штета на работниците го сметаме за негативен тренд и за кршење на работничките права. Фактор: Кој е ставот на Синдикалната повелба за исплатата на К15 и како ќе реагирате доколку колективниот договор претрпи измени кои нема да бидат во корист на работникот? Лутовски: Ставот на Повелбата е јасен. Не прифаќаме укинување на К15 или било каква измена која би одела на штета на работниците. Уште повеќе бараме и К15 за вработените во јавен сектор. Доколку колективниот договор претрпи измени кои ќе бидат на штета на работникот, може да се очекува поостра реакција од наша страна. Фактор: Од ССМ велат дека се против комплетно укинување, но дека може да се преговара за модалитетите на исплата, како го коментирате овој став на синдикатот? Лутовски:  ССМ досега во пракса се покажа повеќе како сервис на работодавачите и на Власта, отколку како заштитиник на правата на работниците. Во старт нивната позиција овде е ужасно дефанзивна и опортунистичка, штом се нафаќаат да преговараат за модалитети на исплата. Од досегашната пракса знаеме како тоа завршува, со капитулација на ССМ и уште едно предавство на работничката класа. Фактор: Дали сметате дека обврската за исплата на регресот К15 треба да важи и за јавниот сектор? Лутовски: Апсолутно. Тоа е и ставот на Синдикалната повелба од која е дел и нашата организација. Ако тргнеме од принципот дека сите треба да сме еднакви и да имаме еднакви права, тогаш зошто ова не би важело и за вработените во јавниот сектор? Или според доминантната мејнстрим пропаганда тие се помалку работници од останатите? Фактор: Како го коментирате ставот на министерот за труд и социјалан политика Диме Спасов, кој изјави дека исплатата на регресот не е во надлежност на Владата? Лутовски: Неговата стратегија на играње на пинг-понг со одговорноста ни е јасна. Секогаш кога министерот е повикан да се произнесе за некоја негативна измена, тој тврди дека не е моќен или не е надлежен. А не смееме да заборавиме дека Владата е една од трите страни во т.н. „социјален дијалог“ и потписник на колективниот договор. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип