„К15: Од другата страна“ – документарен филм за најголемиот хумористичен феномен во Македонија
Објавено во: Мои пари 28 Октомври, 2025 08:22
По три децении смеење, провокации, хумор и реплики кои
станаа дел од секојдневниот јазик, легендарните К-15 конечно добиваат свој
документарен филм.
По три распродадени настапи во Арената „Борис Трајковски“, ова е следниот голем
чекор – да се открие целата приказна на големо платно.
„К15: Од другата страна“ е дело на режисерот и сценарист Ико Каров, кое
спакувано во 100 минути ја носи интимната, човечка и непозната страна на
најголемиот хумористичен феномен во Македонија. За неговата автентичност говори
и тоа што Ико е син на еден од главните носители на К-15 и Дуо Трио - Бубо
Каров и од мали нозе бил дел од целиот проект.
Филмот е збогатен со искрени сведоштва, ретки архивски материјали и приказни од
луѓе кои директно или индиректно биле дел од оваа ера.
Проектот е во продукција на BDG Agency и Good Mood Media.
Премиерата ќе се одржи во Македонскиот народен театар на 5 декември од 21
часот.
Само по премиерата, публиката ќе има единствена можност за Q&A сесија со
хероите на К15 - Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Бубо Каров.
Следните термини на прикажување се 6, 7, 13 и 14 декември, исто така во МНТ.
Картите веќе се пуштени во продажба и може да се купат само нa: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5695
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





