Каде да се бара економскиот раст ?
Објавено во: Анализа
10 Ноември, 2012
Добивај вести на Viber
Доколку сакаме со неколку зборови да ја опишеме ситуацијата на трите најбитни економии во светот, веројатно најблиското објаснување за тоа би било, ова кое следува:
Европска Унија – на прагот на рецесија како целина и југ кој е во тешки проблеми.
САД – се држи најдобро од најразвиените, но како никој да не верува во сериозно опоравување.
КИНА – Продолжува да расте, но со темпо пониско од просечното.
Значи ситуацијата не е до толку црна како што можеби некои ја преставуваат. Сепак очигледно е дека ќе треба да бидеме спремни на стапки на раст значително пониски од она што светот го научи на почетокот на веков. Нормално имајќи ја во предвид клетвата “Да имаш па да немаш”, станува јасно дека и мали рецесии кај развиените земји ќе бидат преставувани како апокалипси и крај на светот. Од друга страна на Југот на Европа оваа клетва се чини дека комплетно се исполнува, па сведоци сме дека Грците полека но сигурно (барем статистички) почнуваат да наликуваат на САД за време на големата депресија.
Со еден збор кажано имаме голема несигурност. А парите се плашлива категорија и бегаат од несигурност. Обично седат во банка или под нечива перница, додека не дојдат подобри времиња.
Како големите компнии во светот успеваат да генерираат раст, тие сепак не се можност да запрат и да чекаат подобри времиња. Знаејќи што се случува со големите ќе знаеме што ќе се случува со економијата генерално.
Директорот на Старбакс (кој за жал ќе го почекаме во Скопје) изјавува дека неверојатни 80% од растот кој го генерираат доаѓа надвор од С. Америка или поточно кажано доаѓа од Азија. Компанијата планира да отвори дури 1.300 продавници наредната година. Постојаниот раст на средната класа во Кина станува како магнет за големите западни корпорации.
Од компанијата Катерпилар (огромниот производител на машини, багери и индустриска опрема) велат дека Кина расте се послабо, но се надеваат дека успорувањето ќе биде заменето со забрзување. Се чини дека Кина е на работ на менување на трендот во посилен позитивен раст, но тоа засега сеуште не се чувстува. Сепак за оваа компанија не е само Кина пазар кој нуди раст, па така големото присуство во Индија, Русија и Бразил си го направи своето и CAT успева да генерира растови и во овие тешки времиња.
Компаниите се принудени да бараат раст секаде каде што можат. Ова се невообичаени времиња. Постојано се затвараат едни проблеми, но нови излегуваат како од фабричка линија. Сепак многумина сметаат дека поради динамиката на работи кои треба да се случат наредните 60-90 дена ќе се расчистат некои нејаснотии во светот и ќе имаме појасна слика околу тоа каде светскиот економски брод ќе плови.
Редакција Фактор
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.