28 Септември, 2024
0.2078

Каде е Македонија на листата на најпросперитетни земји?

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Македонија е на 53 место од 149 земји на листата најпросперитетни. 

Легатум Интустутот од Лондон го објави својот десетти извештај во  кој се рангирани 149 држави во светот. Нашата земја напредувала за 18 места заради видливиот напредок пред се во економијата и бизнис опкружувањето.

Од 2007 година досега земјата стана една од земјите каде најлесно се почнува бизнис, не само во регионот туку и во светот, но невраотеноста и сиромаштијата и натаму се високи. Во однос на земјите од регионот, пред Македонија се Словенија, Хрватска и Грција. Зад Македонија се Бугарија, Црна Гора, Србија,  Албанија.

Легатум листата е составена од девет категории - економски квалитет, работна атмосфера, власт, образование, здравство, безбедност, лични слободи, општествен капитал и природна средина.

Покрај количеството пари со кои располага државата в предвид се земаат и стотина други карактеристики како што се бројот на интернет-провајдери и количеството дневен одмор што го има просечниот граѓанин.

Најпросперитетна земја во светот е Нов Зеланд, а по неа следуваат Норвешка, Финска, Швајцарија и Канада.


Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија