15 Јануари, 2025
0.0278

Каде „Гранит“ чува акции вредни 40 милиони евра?

Објавено во: Економија 12 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Најголемата градежна македонска компанија за шест месеци има добивка која 75 отсто е сочинета од дивиденда на нејзините акции во „Комерцијална банка“. Од нив „Гранит“ наплати 1,7 милиони евра дивиденда. Неговите акции во таа банка сега вредат 40 милиони евра. Визионерски потег било нивното купување, а дивидендата од нив е столб на кој „Гранит“ може да се потпре сега кога времињата се неизвесни, а работата очигледно помалку оди...

„Гранит“ за половина година направи профит вреден 2,22 милиони евра и тоа е добра вест за илјадници негови акционери. Дополнително добро е тоа што добивката на „Гранит“ годинава е за 70 отсто повисока од истиот период минатата година.

Но факт е дека „Гранит“ нема епски раст на оперативната работа. Напротив бизнисот на „Гранит“ годинава е помал за 11 отсто во однос на истиот период претходната година. За првите шест месеци годинава „Гранит“ наплати 30,8 милиони евра од продажба вкупно. Износот во целост е наплатен од активности на „Гранит“ само и исклучиво на домашниот пазар. Дали тоа значи дека „Гранит“ неконкурентен на странските пазари или пак воопшто нема потреба да излегува надвор затоа што и во Македонија работи одлично? Ако се вади заклучок од резултатот задоволството кај акционерите треба да е помало од лани затоа што приходите на компанијата се намалени. А лани со истиот потенцијал компанијата приходувала 35,4 милиони евра.

Најголема расходна ставка се услугите со карактер на материјални трошоци и тие се 12,9 милиони евра. Тие се намалени за 28 отсто од истиот период лани. Тоа значи дека „Гранит“ во значајна мерка користел помалку услуги од трети страни во делокругот на својата работа. А при тоа и ги намалил своите приходи. И двата параметри укажуваат на намалување на обемот на негова работа. За своите вработени „Гранит“ за половина година платил неполни 7 милиони евра. Нема зголемување на трошоците на вработените од лани. Нивните плати биле на удар на инфлацијата која годинава намали, но не запре. Како тоа влијае врз мотивацијата на кадрите во „Гранит“ не знаеме, но очигледно дека градежништвото не било најтрактивна гранка за барање работа.

Оперативната добивка на „Гранит“ за половина година е 561.000 евра и тоа во однос на претходната година е резултат подобар за 25 отсто.

Од што „Гранит“ ги направи парите?

Клуч на успехот на „Гранит“ годинава се неговите акции во „Комерцијална банка“. Извештајот за паричниот тек покажува дека „Гранит“ од дивидени наплатил 1,7 милиони евра. Тоа што пред шест години компанијата купи акции во „Комерцијална банка“ од денешен аспект се покажа како одлична зделка. Особено затоа што над 75% од целата добивка на „Гранит“ е само и исклучиво благодарение на неговите акции во најголемата македонска деловна банка.

И најдобрата вест за акционерите на „Гранит“ за тоа колку визионерски бил потегот на раководството кога во 2018 година ги купија акциите во „Комерцијална банка“. Според официјалните податоци од билансот за успех нивните акции во „Комерцијална банка“ на крај на јуни вределе 13,86 милиони евра повеќе од нивната набавна цена. Акциите на „Гранит“ во „Комерцијална банка“ на крај на јуни вредат 40 милиони евра! Тоа е за 52 отсто повеќе од истиот период лани.

Она што вреди да се истакне од билансот е тоа што „Гранит“ плаќа многу низок износ на камати за кредити, курсни разлики и други финансиски трошоци. За шест месеци само 100.000 евра. И во споредба со истиот период лани тоа е за 24 отсто помал трошок. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

„КОГА ДОЈДОВ НА ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЗАТЕКНАВ СОСТОЈБА НА НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ, КОИ ЈА УСПОРУВАА ИЗВЕДБАТА“: Трајановски за Градско-Дреново

„КОГА ДОЈДОВ НА ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЗАТЕКНАВ СОСТОЈБА НА НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ, КОИ ЈА УСПОРУВАА ИЗВЕДБАТА“: Трајановски за Градско-Дреново

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина

PEVEX КУПИ НЕДВИЖНИНИ ОД ФРАНЦУСКИОТ BRICOSTORE: Развојна експанзија на компанијата и план за пробив во странство

PEVEX КУПИ НЕДВИЖНИНИ ОД ФРАНЦУСКИОТ BRICOSTORE: Развојна експанзија на компанијата и план за пробив во странство

СДСМ: Патот Градско - Дреново е изграден 92 отсто во наше време

СДСМ: Патот Градско - Дреново е изграден 92 отсто во наше време