АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

Објавено во: Економија 15 Јануари, 2025
Железничкиот превоз и понатаму останува најмалку користен во нашата земја. Наспроти светските апели и вложувања во железниците како најеколошки превоз, кај нас, бројот на патници кои се превезуваат со овој тип ги има се помалку.
Анализата на Државниот завод за статистика, насловена „Месечен статистички извештај“ ги содржи најновите податоци за бројот на патници превезени со железнички, авионски, автобуски и бродски транспорт. Може да се забележи дека во сите три има раст на бројот на патници, освен кај железничкиот.
Минатата година, со железници во третио квартал биле превезени 59 илјади патници, додека во вториот 69 илјади. Во првиот квартал имало најмалку патници или 42 илјади лица кои ги користеле домашните возови.
За споредба во првиот квартал во 2023 година биле превезени 73 илјади патници, додека пак, во истиот квартал 2022 година имало 108 илјади патници. Во вториот квартал 2022 година имало уште повеќе или 131 патник.
Патниците кои го користат автобускиот превоз покажуваат континуитет, иако и во оваа група се забележуваат подеми и падови, сепак, генерално има слични бројки на патници кои се превезувале.
Па така во патниот превоз во третиот квартал минатата година биле превезени 1.045 илјади патници, додека во вториот 914 илјади патници, а во првиот 918 илјади лица. Во текот на 2023 година, бројот на превезени патници се движел во слични граници. Во првите три месеци од 2023 година биле превезени 899 илјади патници, додека во вторите три месеци 1.048 илјади патници. Во третиот квартал од 2023 година биле превезени 941 илјади патници, а во четвртиот 942 илјади патници.
Што се однесува пак до воздушниот транспорт, таму бројките се уште поголеми и овој тип на превоз бележи континуиран раст на бројот на патници. Само во третиот квартал од 2024 година биле опфатени 975.101 патни, додека во вториот квартал 815.383 лица. Во првиот квартал од минатата година со авиони биле превеени 640.165 патници.
За споредба во текот на 2023 година нивните бројки биле пониски. Па така во првите три месеци од 2023 година биле превезени 493.096 патници, чиј број скоро се дуплира во вториот квартал кога биле опфатени 843.654 лица со авионски превоз. Во третиот квартал од 2023 година биле превезени 1.015.904 патници, додека пак во четвртиот 789.856 патници.П.О.
Можеби ќе ве интересира
ГУМИТЕ СЕПАК ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВААТ: „Тигар“ избегна банкрот, државата отвара нови работни места

Тренчевска: Новата програма за помош од 1.000 денари за плаќање струја изоставува голем број граѓани

ИДЕ ВРЕМЕ ЗА ДИВИДЕНДИ! Колкав е дивидендниот потенцијал на трите најголеми банки?

КОЈ ПЛАТИ 920 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА УПРАВУВАЧКИОТ ПАКЕТ НА СТОКОВНА КОРЗО БИТОЛА - какви се плановите на инвеститорот со некогашниот симбол „Јавор“

НА МЛАДИТЕ ИМ ТРЕБА ЏЕПАРЛАК ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ: Можат ли да се социјализираат без да потрошат пари?

Гасна централа е спас за долговите на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА - КЛУЧЕН ЧЕКОР КОН СТАБИЛНА И ОДРЖЛИВА ИДНИНА

КОЈ НЕМА ДА МОЖЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Се воведуваат дозволи за патување, некој може да биде одбиен

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО НУТЕЛАТА ПО СМРТТА НА НЕЈЗИНИОТ КРЕАТОР? Создаден пред повеќе од 60 години, Италијанците би го ставиле на поштенска марка, но што велат наследниците?
