Каде партиите ќе држат митинзи денеска?
Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2016 10:50
Политичките партии веќе петти ден се во кампања за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 11 декември.
Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе има митинг во Валандово во 17.30 часот и во Гевгелија во 20 часот.
СДСМ и коалицијата денеска ќе имаат митинг во Виница во 17.30 часот и во Кочани во 19 часот.
Ден Дончев, носителот на листата во изборна единица 1 на коалицијата ВМРО за Македонија, во Скопје ќе има средби со граѓани пред студентскиот дом „Гоце Делчев“ во 11 часот. Носителот на коалициската кандидатска листа во изборна единица 4, Љубчо Георгиевски, ќе одржи прес-конференција во ГТЦ во 12.30 часот.
Алијанса за Албанците ќе одржи митинг во Чаир во 18 часот и во Студеничани во 20 часот. ДПА ќе бидат во липковското село Отља во 18.30 часот.
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, ќе има прес-конференција во седиштето на партијата, а носителите на изборните единици 1 и 2, Артан Груби и Ејуп Алими, ќе имаат прес-конференција на патот кон Блаце во 13 часот.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




