Каде се греши при садење и одгледување на киви?
Објавено во: Агробизнис 22 Мај, 2016 13:02
Кивито може и кај нас да успее во одредени делови на земјата, но треба да се знае како да се засади и одгледува.
Оние кои ќе засадат киви треба да знаат дека многу важна е првата година по садењето.
Ако се набават садници за киви, може да се сади во зима - февруари-март, како и наесен.
Садницата треба убаво да се покрие со земја. Тоа се прави со слој од околу 15-20 см и добро се покрива, за да не измрзне.
Стеблото бара повеќе грижа и треба да биде покриено при ниски температури.
Кивито се открива во месец март.
Во принцип кивито бара полевање со вода, и тоа редовно.
Ако во пролет пожолте, тогаш сигурно проблем е вишокот вода со кој е полевано кивито. Во лето кога е жешко, наводнувањето е задолжително.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?






