29 Септември, 2024
0.2452

Каде „Тиквеш“ ќе вложи 2,78 милиони евра?

Објавено во: Економија 05 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

„Тиквеш“ ќе ја реинвестира целата нето добивка која изнесува 2,78 милиони евра, падна одлука на последното акционерско собрание. Приходите на компанијата растат во континуитет исто како и извозот, а тоа ја крева и пазарната цена на акцијата и покрај тоа што компанијата го избира реинвестирањето наспроти поделбата на дивиденда

Најголемата македонска винарска визба „Тиквеш“ од Кавадарци целата добивка од лани ќе ја вложи во нови инвестиции, ова го одлучија акционерите на компанијата мината недела на акционерското собрание. Станува збор за 2,78 милиони евра кои се нето добивка што компанијата ја оствари од своето работење лани.

Оваа информација може да биде мотивирачка за потенцијални инвеститори во акции на нашата берза на која котира и акцијата на „Тиквеш“ од причина што реинвестираната добивка значи зголемување на конкурентноста на оваа компанија на домашниот и на странските пазари, а во крајна линија и зголемување на капиталот на компанијата и со тоа и вредноста на акцијата. Сега акцијата на „Тиквеш“ се тргува на пазарна цена од 5.350 денари, а нејзината книговодствена вредност достигна 6.690 денари за акција. Можеби оваа одлука на акционерите ќе разочара некои инвеститори во акции заради тоа што очекувале дека е можно годинава да подели и дивиденда. Но веројатно тоа ќе остане за некоја идна година. Имено „Тиквеш“ досега немал политика на поделба на дивиденда, но и покрај тоа пазарната цена на акцијата значајно порасна во период од една година наназад.

Најголемиот македонски производител на амбалажно вино и ракија, кавадаречки „Тиквеш“ лани направи приходи од продажба од 25,83 милиони евра и тие во однос на претходната година се поголеми за 2,2 милиони евра односно за 9 отсто, покажуваат официјалните податоци на најпозната македонска винарска визба за 2018 година достапни на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

На домашниот пазар „Тиквеш“ лани реализирал приход во износ од 14,9 милиони евра што е за 9 отсто повеќе од претходната година. Извозот на „Тиквеш“ лани надминал 11 милиони евра и во однос на 2017 година е поголем за 10 отсто. 
Овие податоци покажуваат дека вложувањето во акции на „Тиквеш“ на среден рок треба да биде добра инвестиција и покрај тоа што цената на таа акција во последниве шест месеци бележи значаен раст и покрај тоа што компанијата досега не дели дивиденда.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија